Добивај вести на Viber
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија излезе со реакција дека во ВМРО-ДПМНЕ денеска ништо не е променето по 24 декември 2012, кога седницата за гласање на буџетот беше прекината со исфрлање на пратениците од тогашната опозиција, но и на новинарите.
Од СДСМ велат дека поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, кој го дал налогот за исфрлање, денес е дел од работно тело на ВМРО-ДПМНЕ за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците кои ги ветиле пред граѓаните.
„Денес, девет години подоцна во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето.
Зоран Ставревски човекот кој на 24 декември 2012 го даде налогот за исфрлање на пратениците од опозицијата, денес повторно е во раководните структури на партијата, а неколку градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се поранешни осудени лица за криминал и насилство.
24 декември не смее никогаш да се повтори.“, гласи дел од соопштението на СДСМ.