26 Април, 2024
0.0283

СЦ „Борис Трајковски“ за прв пат нема доволно свои приходи, Владата ќе префрли пари за платите на вработените

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата на последната седница во вторникот донела одлука за одобрување на исплата од 6 милиони денари за Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а директорот Александар Петровски вели дека се тоа пара со кои ќе треба да се исплатат помеѓу две и три плати за вработените.

- Ние нашите средства ги обезбедуваме од самофинансирачки буџет, но поради протоколите имаме намалени приходи, поради што моравме да се обратиме до Владата за помош. До септември некако се носевме со отежнатата ситуација, но повеќе не можевме да издржиме. За исплата на платите се потребни од 2 до 3 милиони денари месечно, вели Петровски.

Директорот на мултифункционалниот спортски центар вели дека приходите се намалени речиси кај сите дејности кои ги обезбедува „Борис Трајковски“, а целосно се згаснати од концертите кои во моментов се забранети.

- Капацитетот на базенот и салата за вежбање со товар според протоколите е намален за 50 проценти, а локалите кои ги издававме под кирија, сега се затворени затоа што се занимаваа со дејности кои беа забранети извесен период, тврди првиот човек на центарот.

Петровски вели дека изостанале и приходите од аква-паркот, кој бил рентабилен изминатите две години со работа и до 80 дена во сезоните, но не и ова лето поради забраната за работа, но сепак истовремено бара грижа и одржување.

Вели дека  и комерцијалниот договор на спонзорот чие име го носи повеќенаменската спортска сала е на два пати преполовуван, но арената мора да работи затоа што таму своите натпревари ги играат селекциите на националните спортски федерации и клубовите.

- Од кугларницата во моментов приходите се еднакви на нула, но мора да работи затоа што и е потребна на националната федерација, додека за лизгалиштето ситуацијата се уште не е јасна, односно го чекаме протоколот за работа. Единствено што знам е дека Агенцијата за млади и спорт бара да работи поради националната федерација, реферира Петровски.

Тој вели дека не можат да се остварат средства ниту од организирање на настани во конференциските сали, а од останатите локални и централни управи позабележителна финансиска поддршка има од Општина Карпош за одржување на мини-училишните лиги.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина