17 Мај, 2024
0.0263

Сауната е повеќе од задоволство. Таа е извор на здравје!                                         

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Стресот кој го носи брзото темпо на живот, се поголемите секојдневни обврски и брзиот биоритам се повеќе ја наложуваат потребата од релаксација и ослободување на стресот. Помладата генерација на менаџери и бизнисмени кои можат да си дозволат финансии и време за релаксација често си дозволуваат по некое спа-уживање, како што се бањи, масажи и сауни. Но, во последните неколку години освен посета на спа-центри се повеќе станува пракса и изградба на мини спа центри во сопствените домови или монтажа на сауни, комодитет кој си го дозволуваат бизнисмените и менаџерите. Токму затоа инвестицијата во велнес и во спа-центри полека, но сигурно станува бизнис во експанзија во Македонија. Еден од пионерите, односно првата компанија во Македонија која го започна овој бизнис е Пирин Експорт, семеен бизнис кој во последните неколку години ги проектираше и изгради скоро сите модерни и луксузни спа центри низ државата, а во последно време и сауни во домовите на успешните македонските бизнисмени и менаџери. vasil filipovПирин Експорт е македонска компанија, семеен бизнис со традиција од 26 години. Иако првично дејноста на компанијата беше исклучиво трговија со првокласна Италијанска кожа за мебел и облека, условите на пазарот како и променливите трендови и вкусови на потрошувачите беа стимул за сопственикот и основач на компанијата, Емил Филипов храбро да се одлучи за влез во сосема нова дејност, а практично во Македонија прв да започне со дејноста за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба, објаснува за Фактор, Васил Филипов, управител на Пирин Експорт. Како што раскажува тој, на почетокот, како и со секој новооформен “пазар”, побарувачката била многу мала, пазарот несигурен, а потрошувачите немале никакво искуство, а со тоа и доверба во бенефитите и карактеристиките на “новововедениот производ”. “Првично интересот беше најголем за сауни (Фински и Инфрацрвени) за комерцијална употреба, односно за хотели, фитнес и мини спа центри. Но, по 5-6 години истраен маркетинг и присутност, побарувачката за сауни почна полека но сигурно да расте. Корисниците брзо ги осетија бенефитите од сауната, а приказната почна да се раскажува. Последниве неколку години, драстично е зголемена продажбата на сауни и за домашна употреба, при што клиентите најчесто бараат изработка на сауна по мерка соодветна на нивниот слободен простор, објаснува Филипов. Развојот на пазарот, и зголемената побарувачка неминовно наметна да се воведат и нови програми како што се парни и турски бањи, базени (отворени и затворени), џакузи, топли лежалки итн. “Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба… чини околу 2.000 евра (овој месец за само 1.800 евра промотивно), а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Ние креираме специјализирани индивидуални решенија согласно потребите и желбите на клиентот. Значи покрај стандардните модели, постојат и домашни сауни за попребирливите клиенти, чијашто цена достигнува и до 10.000евра, потенцира Филипов и додава дека во моментов домашниот пазар е во експанзија, а работат и на проекти надвор од земјата, пред се Косово, Грција… Освен за индивидуална употреба, Пирин Експорт заедно со братската фирма Пирин Експорт СПА, се јавува како изведувач на повеќето СПА центри во Македонија. Од нив најпознати за јавноста се хотел Сириус СПА во Струмица кој воедно е најголем СПА центар на Балканот – по површина, потоа спа центарот во хотел Александар палас во Скопје. Нивниот потис го има и на спа центарот во хотел Радика, Маврово, хотел Гранд плаза и ТЦЦ плаза, во Скопје. “Во Охрид имаме работено на Хотел Тино, а минатата година и во новиот Хотел Тино Свети Стефан, потоа Ројал Вју, Милениум палас, Спа Клеопатра, Белви&Метропол, Силекс, Бел камен во Радовиш и многу други“ додава Филипов. spa1_golemaMинатата година ја завршивме изведбата на спа центарот во новиот хотел Русија кој е во склоп на спортскиот центар “Јане Сандански“, а набрзо ќе биде пуштен во употреба и спа центарот во хотел МЕРИОТ, на плоштад Македонија, како најрепрезнтативна СПА изведба во земјава. “Благодетите од користењето на сауна се многубројни, а меѓу нив се вбројуваат позитивното влијание врз општата состојба на духот и телото, длабинска детоксикација, намалување на напнатоста и стресот, подобрување на циркулацијата на крвта, а сауната позитивно влијае и на сонот и имунитетот. Медицинските лица ја препорачуваат сауната при повреда или истегнување на мускулите, лигаментите и тетивата, реума, артритис, хронична болка во вратот, грбот и мускулите. Ако со соодветна подготовка и предзнаење пробате само еднаш, ќе посакате сауната да стане дел од вашето секојдневие, како што станува за 100 тина нови корисници секоја година во Македонија, потенцира Филипов.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак