Саша Богдановиќ е позитивен на коронавирусот
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2021
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ е позитивен на коронавирусот.
Овој податок го објави на социјалните мрежи. Вели дека иако се придржувал до мерките за заштита, сепак се заразил.
„И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.
Вирусот е опасен и непредвидлив.Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на КОВИД- 19“, пишува тој.
Во Македонија денеска има 725 случаи на коронавирусот. Деновиве бројките на заразени растат.
фото Фејсбук