03 Мај, 2024
0.0252

Санде Стојановски: Важен е затоа што ни покажува дека годините не го менуваат младиот дух

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Преполн позитивна енергија, инспирација и мотивација за поубав ден и насмевка која дава елан и желба да се направи промена, да се биде како него, е аурата со која зрачи Санде Стојановски секаде каде што ќе се појави.

71-годишниот Санде живее во с. Лозово, каде помеѓу соселаните важи за човек кој секогаш (особено младите), ги мотивира и инспирира да се активираат, да прават добри дела и да практикуваат здрави животни навики.

Неговата љубов и пасија кон спортскиот и активен начин на живот ја стекнува уште од мали нозе, особено кон атлетиката, кога започнува и рекреативно да се занимава со маратони, за во 2008 година (на негова 61-годиншна возраст) да започне со учество на Скопскиот маратон.

Приказната за тоа како започнал да се занимава со рекреативно трчање е навистина интересна.

„Во деновите кога живеев во Скопје, секој ден на мојата улица трчаше европскиот претставник Фуере. И тогаш си реков – зошто и јас да не започнам? И така започна приказната. Еднаш трчавме заедно на трка на 5 км и го победив за 15 минути и се реков дека можам и повеќе.“

Неговиот став кон животот навистина импресионира. Ужива кога е опкружен со млади, а постојано се надминува себеси со поставување на лични предизвици за постигнување на подобри резултати, а неговата порака е младите да започнат да трчаат и да живеат спортски.

Личната приказна на Санде Стојановски е мотивирачка за сите, па и не случајно е дел од корпоративната кампања на Халкбанк „Важни се луѓето“. Тој е свесен за неговите години, неговите можности и постигнувања, но уште повеќе за неговата волја и верба во самиот себе.

„Заслужувам да бидам горд на самиот себе, а истовремено и среќен што соработувам со млади луѓе. Мојата пасија е луѓето да веруваат во себе и да се докажат со својот сопствен труд. Мислам дека ќе бидам од корист и пример за многу луѓе да почнат пред сѐ, да веруваат во себе, бидејќи годините се само бројка. Младешкиот дух што го носиме во себе нѐ поттикнува да се докажеме дека можеме. Желба ми е да ги мотивирам младите луѓе и да им послужам како пример да видат како се трча на 71 година. Се чувствувам како сега да сум почнал. Кога се сака сѐ е можно“ – вели Санде Стојановски.

Оттука, логично е зошто Санде Стојановски е дел од кампањата „Важни се луѓето“, бидејќи тој, со својата енергија поставува пример вреден за секоја почит, со што уште еднаш се потврдува пораката дека секој еден е навистина важен, со што Банката истовремено ја детерминира својата позиција во насока со значењето на името набанката ‒ „Банка на луѓето“, градејќи и негувајќи уникатна, нераскинлива врска со сите свои клиенти.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година