17 Мај, 2024
0.0337

Само дивидендата го држи Тетекс во добивка

Објавено во: Економија 11 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Податоците за првото полугодие покажуваат дека „Тетекс“ има оперативна загуба од речиси 1 милион евра Приходите од продажба на „Тетекс“ паднале за 22,1 милиони денари односно за 18 отсто во првото полугодие годинава во споредба со истиот период лани. Тие изнесуваат 102,8 милиони денари. Драстичен е падот на приходите од домашен пазар и тоа за 23 отсто или за 19 милиони денари. Кај приходите од продажба реализирана во странство падот изнесува само 5 отсто. Годинава приходите од продажба на домашен и на странски пазар се изедначени во билансот на Тетекс. Домашните продажби се 51,1 милион денари, а странската реализација е 51,7 милиони денари. Оперативните приходи на компанијата за полугодието изнесуваат 119,2 милиони денари, а оперативните расходи се 193,1 милиони денари. Загрижувачки е падот на оперативните приходи на „Тетекс“ што во споредба со истиот период лани и изнесува 1 милион евра! Лани солиден дел од оперативните приходи креирала ставката останати приходи која во билансот учествувала со 28,3 милиони денари, а годинава е само 0,5 милиони денари. Годинава главен генератор на загубата е енормно високата расходната ставка за вредносно усогласување на тековни средства која изнесува 45 милиони денари, а лани била нула. Во недостиг на официјални детални информации, веројатно станува збор за резервација што менаџментот на таа компанија ја прави заради тоа што очекува да се случи или веќе се случило обезвреднување на тековни средства. Токму оваа ставка расходната страна на билансот на „Тетекс“ ја крева на вредност од 193,1 милиони денари со што компанијата и влегува во загуба од оперативно работење во износ од речиси еден милион евра. Дивидендата што „Тетекс“ ја доби од компаниите во кои е акционер ја спаси ситуацијата и овозможи текстилниот македонски гигант првото полугодие да го заврши со сметководствена добивка од 18 милиони денари. Освен ова во билансот на состојба на „Тетекс“ забележлива е прераспределба на обврските. Имено има пад на вредноста на обврските што „Тетекс“ ги има спрема доверителите за 2 милиони евра, а од друга страна има раст од 99 милиони денари (1,55 милиони евра) кај обрските чие плаќање компанијата долгорочно го одложила. Анализата на податоците од билансите на „Тетекс“ води кон заклучок дека компанијата има тежок период и води битка за своите пазари. Приходите што ги генерира од производството на текстил односно на конфекција и ткаенини тешко ги покриваат ризиците од работењето на компанијата. Од работењето на „Тетекс“ може да се потврди тезата дека во текстилната индустрија на глобално ниво владее силна конкуренција која се одразува на компетитивноста на цените на производите. Р.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати