30 Април, 2024
0.0261

Самитот на Македонија2025 повикува на одржлив економски развој со акцент на обновливи извори на енергија и паметни технологии

На 20 и 21 октомври во Скопје ќе се одржи петиот Македонија2025 Самит.

Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Самитот е широка платформа за споделување на знаење за бизнис, инвестиции, напредни технологии, иновации и лидерство. Поконкретно, оваа година самитот ќе ги обележи насоките на одржлив економски развој преку меѓународни инвестиции во обновливи ресурси и развој на „паметни“ и „зелени“ сектори. Организаторот и оваа година носи повеќе од 35 говорници од светско реноме кои доаѓаат од преку 20-тина различни земји.

Главниот говорник Гуру Банавар од Вотсон центарот за истражување на вештачка ингелигенција на компанијата ИБМ во Њу Јорк, ќе презентира како технологијата може да ги реши најголемите проблеми со кои се соочува светот како предизвиците кон исхраната, здравјето и животната средина. На самитот ќе зборуваат Карина Барнхолд Клепер од Нордискиот центар за обновливи енергии, Петар Казначеев од Центарот за ресурсни економии при Претседателската академија во Москва, професорот Шуичи Фукуда од универзитетот Кеио во Токио, Марко Буткович од Европската вселенска агенција,Здравко Почивалшек, Министер за економски развој на Словенија, Михаил Мизрахи, директор на центарот за иновации во Ерусалем како и други извонредни умови.  Ќе се дискутира за најактуелните теми поврзани со паметни градови, био-гас и био дизел, соларна енергија, “tele-health”, интелигенција меѓу машини, електрични возила, еколошки домови, емоционален инженеринг, енергенси и природни ресурси, иновации во телекомуникациите, циркуларна економија, итн.

Самитот ќе ја позиционира Македонија како земја со потенцијал да биде центар за паметни технологии и истражувања. За таа цел се поканети светски компании кои веќе отвориле претставништва за аутсорсинг во Македонија во области како софтвер за здравство, берзански трансакции, напредни ИТ истражувања и сл. Настанот ќе биде одлична можност за запознавање помеѓу експерти и членови на деловните заедници на земјите од регионот. Македонија2025 на овој начин ја исполнува својата визија за економско интегрирање на Македонија со остатокот од регионот во насока на подинамичен економски развој. Од организацијата ги покануваат сите заинтересирани компании и претприемачи да ја разгледаат програмата и бидат дел од еден процес за напредок што не може да се оствари без целокупна инволвираност на успешни и иновативни луѓе и компании.

Сите што се заинтересирани за учество на самитот можат да се информираат на страната на Македонија2025 http://mk2025summit.com/selection/. Од организацијата нудат поволности за микро и мали претпријатија, како и за учество на повеќе претставници од иста компанија.

Можеби ќе ве интересира

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“