01 Ноември, 2024
0.0250

Самарас во нов поход за решавање на грчкиот долг

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Со надеж дека ќе добие гаранции дека на следниот состанок на еврогрупата ќе се најде решение за проблемот со одржливоста на грчкиот долг, грчкиот премиер Андонис Самарас пристигна во Брисел за денешниот самит на лидерите на Европската унија.

По 11 часа разговори, состанокот меѓу министрите за финансии од еврозоната и управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард заврши без договор за исплата на транша од заемот во вредност од 44 милијарди евра која Атина ја очекува следниот месец, ниту за тоа како да се намали долгот на земјата.

Неуспехот да се постигне договор е удар за Самарас и неговата Влада, која тврдеше дека пакетот за штедење усвоен овој месец ќе доведе до решавање на  двете прашања, коментираат аналитичарите.

Според доброупатени извори, не се знае дали Самарас ќе ги покрене грчките прашање на денешниот самит, кој е посветен на буџетот на ЕУ за 2014-2020 година, но на маргините на состанокот ќе има можност лично да се сретне со другите лидери.

„Катимерини“ дознава дека еврозоната и ММФ се разликуваат за околу четири проценти во нивните предвидувања за тоа каде ќе биде грчкиот долг по примената на мерките за штедење. Двете страни треба да се договорат за формула која ќе го намали долгот на Грција кон нејзините кредитори на 124 проценти од БДП до 2020 година и 108 отсто oд 2022 година.

ММФ изгледа ги повлече барањата од земјите од еврозоната да прифатат намалувања на нивните билатерални заеми за Грција, но можноста за пониски каматни стапки е исто така проблематична бидејќи тоа ќе бара заемодавците да ги приспособат нивните национални буџети за сметка на пониски приходи и ќе доведе некои земји да се задолжат по повисока цена од стапката по која тие и позајмиле на Атина.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери