01 Мај, 2024
0.0320

Саљији информираше за преземените активности во првите сто дена

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Денес, Министерот за правда Билен Саљији одржа прес конференција во Владата на Република Македонија на која ја информираше јавноста за преземените активности во првите сто дена од мандатот.

На почетокот на обраќањето, министерот Саљији потенцираше дека првите 100 дена од формирањето на новата Влада, за Министерството за правда значеа соочување со затекнатата ситуација во правосудството поради што во изминатиот период  тоа беше мета на континуирана критика од меѓународната и домашната јавност. Пред сé тоа се однесува на назадување на независноста и самостојноста на правосудните институции, селективна примена на правдата, непочитување на мерит системот во правосудниот сектор.

Република Македонија, официјално стана членка  на Агенцијата за фундаментални права на Европската Унија, што кореспондира со евроинтегративниот процес на државата и активностите на усогласување на македонското со европското законодавство, истакна министерот Саљији.

Во рамките на клучните активности преземени во изминатиот период, министерот Саљији ги наведе формирањето на Советот за реформа на правосудниот сектор надлежен да ги координира, следи и да дава насоки за реформите и формирањето на Работна група за изготвување на Стратегија за реформа на правосудниот сектор со Акциски план. Во таа насока јавноста беше запознаена дека е изработена и Нацрт- стратегијата за реформа на правосудниот сектор за период од 2017-2022 година со Акциски план што значи исчекор напред во воспоставување на независен, професионален и кредибилен правосуден систем во Република Македонија.

Покрај овие тела, формирани се и работни групи кои работат на подготовка на клучни законски решенија. Меѓу тие групи се:

·  Работната група за изготвување на Предлог- законот за изменување  на законот за Судски Совет на Република Македонија и Законот за судови во делот на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, основите за дисциплинска одговорност, дисциплински мерки и оценување на судиите.

·  Работна група која треба да ги разгледа препораките на ВенецијанскатаКомисија и да ја утврди потребата од измена на Законот за заштита на приватноста.

·  Работна група за подготовка на измени на Законот за заштита на укажувачи. Измените се во завршна фаза.

·  Работна група за изготвување на Предлог-Закон за заштита на сведоците што е во завршна фаза на подготовка.

Министерот Саљији информираше дека во насока на заокружување на Охридскиот рамковен договор и во духот на евроинтегративниот процес на нашата земја, Министерството за правда подготви предлог-закон за употреба на јазиците кој Владата на Република Македонија го усвои и веќе е во собраниска процедура.  Исто така Министерството за правда до Владата достави и нацрт на Предлог на законот за амнестија.

Тој објасни дека се изготвени Предлог –законот за укинување на Законот за  советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија и Предлог- законот за измени на Законот за Судски Совет на Република Македонија. Согласно програмската определба на Владата а по иницијатива на бизнис секторот и граѓанскиот сектор, во Министерството за правда се формираа работни групи кои работат на измени и дополнувања на Законот за извршување и Законот за нотаријат.

„Една од значајните активности на Министерството за правда во овој месец  е започнување со увид во системот за управување со судски предмети (АКМИС), за утврдување на евентуална злоупотреба и одговорност поради што е формиран посебен тим. За реализацијата на оваа активност, позитивно се огласија Судскиот Совет на Република Македонија и Основниот Суд Скопје 1, но сеуште нема одговор од страна на Врховниот Суд . Без оглед на тоа, Министерството за правда останува доследно на ставот за спроведување на планираниот увид“- објасни министерот Саљији.

Покрај преземените конкретни активности, министерот Саљији наведе дека беа остварени значајни средби  со повеќе амбасадори во државата, претставници на меѓународни организации како и со претставници на домашни стручни здруженија и комори. Тој ја истакна важноста на средбата со директорите на казнено-поправните домови во Македонија како и обиколката на Казнено поправниот дом во Идризово, бидејќи на тој начин Министерството за правда се запозна со условите и состојбите во кои функционираат.

На крајот на своето обраќање, министерот Саљији укажа на неговата заложба во реализација на реформите во правосудството. „ Министерството за правда во изминатиот период принципиелно и посветено работеше на спроведување на активностите согласно политичката визија и заложба на оваа Влада по однос на прашањата поврзани со реформите во судството. За тоа искажувам благодарност на сите учесници во процесот. Во таа смисла, свесен сум за предизвиците кои ни претстојат во иднина, но силно ве уверувам дека како Министерство за правда  се обврзуваме, на транспарентен и инклузивен начин да работиме на исполнување на најважната цел. Тоа е целосно владеење на правото и правната држава која уште повеќе ќе се развива во рамките на европското семејство “- рече министерот Саљији.

Можеби ќе ве интересира

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски