САКАТЕ НА ОДМОР НА НЕКОЕ ОД ДОМАШНИТЕ ЕЗЕРА - подгответе се за морски цени
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020
Граѓанте кои имаат и сакаат да ги користат летните одмори во некоја од домашните туристички дестинации, како и оние кои добиле од државата ваучер за туризам, се чини дека годинава ќе треба да платат солена, или подобро речено „морска“ цена за да добијат апартман или студио во некој од овдешните сместувачки капацитети.
Притоа, овде не зборуваме за хотелските цени, туку за ообично приватно сместување.
А како што е познато, граѓаните немаат многу избор каде да заминат оваа година на летен одмор. Засега достапни морски дестинации се Албанија и Турција, покрај Косово и Србија, но не и Грција, каде нашите граѓани досега начјчесто летуваа, како и Црна Гора и Хрватска.
Дали таа ситуација ќе се смени ќе се знае на 15 јули, но онака како што сега стојат работите, нема голема надеж за нашите граѓани.
А што нудат приватните сместувачки капацитети.
Интересно е што во Дојран на пример, се нуди вила за четиричлено семејство, за која само за сместување, за едно деноночие треба да платите 1.800 денари, или 30 евра.
Во Охрид, пак, подобрите места се веќе резервирани за извесен период наннапред, така што и веќе е тешко да се најде добро сместување.
Но, оние капацитет што се слободни, а кои се сметаат за пристојни, се движат од 40 евра за обично студио, па до 60 евра и нагоре за апртман со две соби за четиричлено семејство.
А се поставува прашањето како со 6.000 денари кои ги добија граѓаните како ваучери за домашен туризам, ќе успеат да ги покријат солените езерски цени што се нудат оваа година.
Односно, со овие цени од 30 до 60 евра за ноќевање, со ваучерот ќе можат да покријат три или едвај две ноќевања, а да не зборуваме за храна, користење на плажи, бензин, и слични потреби за пристојно да се истера едно летување.
Н.Н.Ф.