07 Мај, 2024
0.0247

САД и Русија се земјите со најмногу хемиско оружје во светот

Објавено во: Свет 17 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

САД и Русија постигнаа договор околу меѓународниот надзор врз хемиското оружје на сирискиот режим, но од друга страна токму тие се двете земји кои поседуваат најмногу хемиско оружје во светот, јавува Анадолија.

САД поседува околу три илјади тони хемиско оружје, кое нема да биде уништено пред 2023 година, а Русија поседува 20 илјади тони хемиско оружје кое, според процените, би требало да биде уништено до 2015 година.

Според податоците на Здружението за надзор на оружје во Вашингтон, САД од 1918 година почнале да произведуваат различни видови хемиско оружје. Оваа земја се до 1975 година не беше потписник на Женевската конвенција од 1925 година за забрана на хемиското оружје, а во 80-тите години од минатиот век беше соопштено дека ќе ги уништи залихите хемиско оружје.

Според последните податоци, САД имаат  тројно повеќе хемиско оружје од сирискиот режим, пренесува Анадолија.

Исто така, Русија поседува најмногу залихи хемиско оружје во светот, иако руските власти предходно изјавуваа дека до 1997 година ќе го уништат хемиското оружје кое го поседуваат.

Инаку хемиското оружје се супстанци кои поради патофизиолошкиот механизам на дејствување, во воена смисла е наменето да убие, сериозно повреди или онеспособи луѓе. Тоа вклучува боеви отрови, материи од чад и запалливи средства, а се испорачува од цистерни, мини, бомби, ракети и на многу други начини.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта