18 Мај, 2024
0.0271

САД и Куба ги обновија дипломатските односи по 54 годишна пауза

Објавено во: Свет 20 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

САД и Куба официјално ги обновија целосно дипломатските односи по 54 години на непријателство, објави Си-ен-ен.

Во 00:01 часот денес по вашингтонско време двете држави официјално ги обновија дипломатските односи за прв пат од 1961 година. Тие ќе отвораат свои амбасади во Вашингтон и Хавана.

Министерот за надворешни работии на Куба, Бруно ќе патува до Вашингтон, за да ја открие свечено кубанската амбасада и да го крене знамето на островската држава. Настанот ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија на земјата. Потоа државниот секретар Џон Кери ќе одржи средба со кубанскиот колега и ќе дадат заедничка прес-конференција.

Кубанска делегација од дипломати, уметници, ветерани од револуцијата и околу 500 гости ќе го одбележат историскиот настан.

Со соопштение САД ќе го промени статусот на застапеноста на Хавана во амбасада. Но славењето и официјалното издигнување на американското знаме ќе мора да почека за државниот секретар на САД Џон Кери, кој официјално ќе ја отвори американската амбасада на церемонијата во август. За прв пат од 1959 година американски претставник на највисоко ниво ќе ја посети Куба.

Од денес, објавија американски претставници, кубанската Влада ќе отстрани некои мерки за безбедност околу дипломатската мисија на САД во Хавана и веќе нема да се запишуваат имињата на Кубанците, кои влегуваат во зградата.

До изборот на амбасадорите за дипломатските мисии на двете држави ќе се раководат од претставниците на секции на интересите.

По 18-месечни тајни преговори Обама и Раул Кастро најавија во декември 2014 година, дека ги обновуваат односите. Двајцата одржаа историска средба во Панама во април - прва од ваков вид од 1956 година.

Во мај САД ја извадија Куба од листата на држави кои се обвинувани дека го спонзорираат тероризмот.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Американци ги поддржуваат напорите на Обама да ги подобри врските со островската држава. Но Куба сè уште е предмет на американско трговско ембарго од 1962 година. Републиканците се против укинувањето на ембаргото.

Белата куќа соопшти дека Обама може да ја посети Куба пред да ја напушти функцијата во 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто