17 Мај, 2024
0.0279

Руската економија тоне, а зошто ли Путин се смешка?

Објавено во: Економија, Свет 06 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Русија се соочува со најдолгата рецесија за последните две децении и од неа во последно време не доаѓаат никакви добри економски вести. Има, меѓутоа, еден показател кој расте, и тој е од најголемо значење за Владимир Путин - неговите девизни резерви, коментира во свој анализа агенцијата Блумберг.

Кон 19 февруари централната банка имала 379 милијарди долари странски валута и злато. Тоа е за 29 милијарди долари повеќе во споредба со априлскиот минимум од минатата година и така Русија е единствениот пазар во развој, со сметководствено зголемување на златно-девизните резерви.

И додека Кина и Саудиска Арабија трошат десетици милијарди долари за зајакнување на валутите, централната банка во Москва се откажа од интервенции. Откако на крајот на 2014 година потроши залудни над 67 милијарди долари во обид да ја стабилизира својата валута, Русија не дала ниту цент поддршка на рубљата. Минатата пролет дури почна да ја купува валута.

„Никаква потрошена сума од девизните резерви нема да ја стабилизира рубљата“, рече во февруари првиот заменик-шеф на Руската централна банка (РЦ) Дмитриј Тулин кога рубљата падна на ново дно. „Многу е лесно да се истрелаат сите куршуми брзо, но во секој случај тоа ќе биде привремена, Пирова победа“.

Таква гледна точка го одразува остриот пресврт кој Путин го направи пред една година, кога одлучи по секоја цена да ја штеди кремљската валута покрај падот на цените на нафтата и санкциите на САД и ЕУ, значително го ограничиле пристапот на Русија до западните финансиски пазари. Кога нафтата силно поевтини, треба курсот на рубљата да биде жртвуван, иако пред време тој беше огромно економски приоритет. Сега од рускиот фонд за благосостојба, чиј главен дел се држи од РЦБ форма на имотот, може да се троши додека вкупниот износ на резервите да не се намалува. „Повеќе нема да ги трошиме резервите“, изјавил Путин, кога централната банка го ослободи курсот на рубљата.

Економскиот експеримент ја  одразува неговата убеденост дека златото и валутата во банката се најдобра гаранција за финансиската независност на Русија, според високи претставници Руси, кои разговарале со него за темата. Откако дојде на власт во 2000 година, Путин почна да ги зголемува резервите од тогашното ниво од само 13 милијарди долари, и  ги плати долговите на Русија, кои денес се едни од најниските меѓу големите економии.

„Владимир Путин призна за силата на резервите во 2008-2009-та, кога токму благодарение на нив ја преживеа кризата и не понесе значителни загуби“, рече Алексеј Кудрин, кој во тоа време бил министер за финансии, а и досега редовно се среќава со Путин, за да разговараат за економската политика. „Да останеш со мали резерви сега би било тешко дури чисто психолошки“.

Во вторникот (1-ви март) Путин ги отфрли повиците средствата на централната банка да се користат за ревитализација на економијата, велејќи пред група бизнисмени дека „златно-девизните резерви се создадени од централната банка за други цели, а не за финансирање на тековните економски проблеми“.

Да се ​​обноват резервите

Минатата пролет, кога рубљата за кратко зајакна, банката се активираше за да купи 10,5 милијарди долари за пополнување на резервите, но итно престана со овие активности, кога падот на рубљата се обнови. Повеќето други приходи во резервите доаѓаат од банките, кои ги враќаат девизните кредити на централната банка, а исто така и од флуктуациите на девизниот курс, посочи банката.

Само загубите на рубљата се многу тешки. Минатата година вредноста 'се стопи со една четвртина во однос на доларот, а во почетокот на оваа година, кога нафтените котирања забележаа неколкугодишен минимум а таа регистрира отстапувања од околу 5% дневно.

„Централната банка е подготвена да понесе секакви флуктуации во курсевите додека тоа да не е на сметка не резервите“, рече економистот од „Renaissance Capital“ Олег Кузмин.

Раководството на централната банка многу внимателно следи дали Русите не губат верба во рубљата, која поднесува силни удари, добивајќи секој ден извештаи од банките за побарувачката на девизи, објавија високи руски претставници. Засега Кремљ ја избегна паниката, која обично се јавува кај девалвација.

Страдањата на рубљата

Падот на курсот на рубљата сепак предизвика скок на инфлацијата, бришење години на напредок на централната банка во нејзините напори да го задржи покачувањето на цените.

Потрошувачките цени скокнаа со 12,9% минатата година, што е најголем пораст со годишна акумулација од 2008 година. Падот на рубљата е главната причина за забрзување на инфлацијата, имајќи ја предвид зависноста на Русија од увозот на сè - од храна до индустриска опрема, според централната банка.

„Оваа неодржлива рубља е нешто лошо за нас“, рече Владислав Корочкин, претседател на подмосковската компанија „Русски огород“ која продава семиња и растенија, а речиси половина од суровината ја увезува од странство. „Веќе никој не верува дека курсот на рубљата може да се прогнозира шест месеци напред“, вели Корочкин.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија