19 Мај, 2024
0.0263

Русија со тешки обвинувања: САД отворено ги поддржуваат терористите во Сирија

Според Рјабков, предупредувањата на САД за можни напади на сириски екстремисти во Русија се директно поттикнување на последните да го прават тоа.

Објавено во: Свет 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Кремљ изјави дека руската воена авијација ќе продолжи со своите операции во Сирија, и го отфрли „неконструктивниот карактер на реториката, која во последно време доаѓа од Вашингтон“ по повод руските активности во блискоисточната земја, пренесоа светските агенции.

Вчера државниот секретар на САД, Џон Кери ја повика Русија да ги прекине борбените летови над конфликтните зони во Сирија, вклучувајќи и над Алепо. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече на прес-конференција во Москва дека руската авијација ќе продолжи со поддршката за сириските владини сили и дека војната „против тероризмот“ ќе продолжи.

Песков ги повика САД да го исполнат ветувањето да ги разликува во рок од една недела умерената опозиција од терористичките групи. „Од САД се бара да го направи тоа, а не да се правдаат со различни причини за неисполнувањето на оваа своја обврска“, преземена во договорот од почетокот на септември, посочи тој, цитиран од агенциите.

Песков посочи за пример на таква неконструктивна реторика на САД изјавата на портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби дека како последица на војната во Сирија се можни напади на екстремисти против руски градови и дека руските војници од Сирија ќе бидат „вратени во нивната татковина во вреќи за трупови“.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ги обвини САД дека вршат „отворена поддршка на терористи“ во Сирија, бидејќи не ги натерале поддржаните од нив опозициски групи да се откажат од заеднички активности со организации, поврзани со Ал Каеда, пренесоа агенциите.

Според Рјабков, предупредувањата на САД за можни напади на сириски екстремисти во Русија се директно поттикнување на последните да го прават тоа.

Неодамнешното еднонеделно примирје во Сирија пропадна, бидејќи предвидениот рок беше премногу долг, истакна рускиот заменик-министер за надворешни работи. Тој предложи привремен 48-часовен прекин на огнот за хуманитарни испораки за жителите во потреба, за да не можат терористичките групи да имаат корист од подолги периоди за преструктуирање и пополнување на резервите.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто