05 Мај, 2024
0.0246

Русија се спрема за голема офанзива во Луганск

Објавено во: Свет 05 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Сите информации укажуваат дека Русија се спрема за голема офанзива месецов. 

Американскиот институт за воени студии (ISW) oбјави дека Русија се подготвува за нова офанзива, повикувајќи се на извори од Запад и од Украина и Русија. Се смета дека Русија ќе мобилизира над 200.000 луѓе. 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 30 јануари рече дека нема индикации дека Русија се подготвува да преговара за мир и дека сите показатели укажуваат на спротивното. 

Шефот на Советот на резервисти на украинските копнени сили, Иван Тимочко изјави дека руските сили ги зајакнуваат своите групации во Донбас, како дел од очекуваната офанзива, пишува ISW. Офанзивата најверојатно ќе биде во регионот на Луганск во наредните месеци.

Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, зборуваше повеќе за можната ескалација.

„Украина се подготвува за голема ескалација што може да се случи дури и во следните две до три недели“, вели тој.

Најтешките битки допрва следат и дека следните месеци ќе бидат клучни. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзема државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како последен чекор за „прочистување“ на земјата од проруски влијанија.

Две руски ракети го погодиле центарот на Харков во североисточна Украина, а една од ракетите погодила станбена зграда. 

Се навршува скоро една година од почетокот на војната во Украина. Русија лани на 24 февруари ја нападна соседната земја. 

EPA/ALEXANDER ERMOCHENKO

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра