Русија ослабна во однос на доларот поради Украина
Објавено во: Економија 29 Август, 2014
Руската рубља денеска падна на најниско ниво во однос на доларот.
Доларо утрово вредеше 36,91 рубљи, што е пониско од претходно рекордно ниската вредност забележана во моментите на анексија на Крим кон Русија.
Вредоноста на руската валута паднала и во однос на еврото, кое денеска се менува за 48,61 рубљи.
Кризата во Украина влијае на слабеењето на рубљата. Запаните земји и се заканија на Москва со нови санкции, обвинувајќи ја Русија дека директно е вмешана во ескалацијата на судирите на истокот од Украина. Москва овие тврдења ги демантира.