Русија ја критикува Турција за бомбардирањето на позициите на Курдите во Сирија
Објавено во: Свет 12 Март, 2016
Турција треба да го прекине снабдувањето на оружје за екстремистите преку нејзината територија во Сирија во форма на хуманитарна помош.
Така би се создале поповолни услови за мирното решавање на ситуацијата во оваа земја. Ова го изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов, пренесоа агенциите.
Гатилов ја критикува Турција за бомбардирањето на кое ги подложува курдски позиции во Сирија, како и за тоа дека низ нејзина територија во форма на хуманитарна помош Анкара дозволува премин на оружје преку границата со Сирија.
Турските воздухопловни сили извршија серија воздушни напади против базите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во планините на северен Ирак, убивајќи 67 борци.
Бомбардирањето е извршено од 14 авиони F-16 и F-4, кои зеле на нишан кампови и објекти на ПКК во Кандил,, Хафтанин, Авазин и Басиан.
Рускиот дипломат рече дека Москва го повикала претседателот на Сирија Башар Асад да игра „конструктивна“ улога на консултациите за подготовка на избори во земјата. Гатилов го повикал Асад и неговите противници да покажат „вистинска желба“ за постигнување на согласност за новиот устав на земјата. Овој документ треба да обезбеди и гаранции дека сите Сиријци ќе можат под исти услови да учествуваат во изборниот процес.