Русија има рекордна смртност од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Ноември, 2021
Русија бележи рекордна смртност од коронавирусот.
Починале 1.251 лице во претходните 24 часа, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата во март 2020 година. Во последното деноноќие има 37.374 новозаразени.
Здравствените експерти како причини за најновиот пораст на инфекции и починати ги набројуваат ниската стапка на вакцинација и непочитувањето на епидемиолошките мерки. Помалку од 40 отсто од скоро 146 милиони луѓе во Русија се целосно вакцинирани.
Владата најави дека од следната година ќе стапат во сила нови рестриктивни мерки. Тоа значи пристап до многу јавни места, како и домашните и меѓународните возови и летови, да имаат само целосно вакцинирани лица и оние кои прележале ковид или се медицински ослободени од имунизација.