Русија го активира единствениот носач на авиони во Сирија
Објавено во: Свет 21 Септември, 2016
Русија е принудена да го активира „Адмирал Кузнецов“ својот единствен носач на авиони кој ќе биде распореден покрај брегот на Сирија со целосна мобилизација на авијациските и морнаричките екипи со цел да го надгледува процесот на прекин на огнот и да интервенира во случај на нови судри меѓу силите на Асад, опозицијата и џихадистичките милиции.
Овој потег секако нема да и се допадне на Америка која ја обвини руската армија за директно учество во нападот врз хуманитарниот конвој за цивилите на Алепо во кој загинаа 30 луѓе.