10 Мај, 2024
0.0268

Родителите бараат мерки против ученик од „Браќа Миладиновци“ кој носел нож и малтретирал деца

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Родители чии деца учат во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат решение за проблематичен ученик.

Велат дека детето носи нож во училиште и ги малтретира останатите ученици. Од училиштето во изјава за МИА велат дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба. Вклучени се и останатите институции (Општина Аеродром, Педагошката служба при МОН, МЦСР, МВР, ДПИ).

„Апелирам, родителите да го почитуваат куќниот ред и правилата во училиштето заради безбедност на учениците“, вели директорката Анета Велкоска.

Родителите во писмо испратено до дел од медиумите апелираат да се реши проблемот. Тврдат дека се обратиле до Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Општина Аеродром и до социјалните служби, но дека од никаде немаат повратна информација.

„Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан“, велат родителите. 

Во меѓувреме се случија и други насилства. Истото дете постојано го ремети наставниот процес. МИА побара одговор и од Министерството за образование и наука и од Општина Аеродром.

Одговор добиле од Секторот за образование од Општина Аеродром од каде потврдуваат дека добиле поплака од родителите по што се обратиле до стручните служби на училиштето и оствариле состанок со директорката и стручните служби.

Од МОН во меѓувреме испратија соопштение во кое се наведува дека случувањата во нашето соседство вклучиле сериозен аларм дека институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво. Во Министерството за образование и наука утре ќе се одржи средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, безбедноста и сајбер насилството.

Во Србија вчера имаше масакр, каде се убиени 9 лица, а повредени 6, но и денеска имаше инциденти во тамошните училишта. 

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“