16 Мај, 2024
0.0272

РКЕ: Не постои регулирана цена на гас, производителот ја добива на тендер

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

По објавата на информации дека Регулаторната комисија за енергетика со промената на правилникот за признавање на цената на гасот на регулираниот производител на топлинска енергија добивме и одговори на конкретните прашања зошто оваа постапка е преземена. Според анализа на експерти и истражувања дојдовме до информации дека со измените на правилата на игра, БЕГ набавил гас на тендер по цена што е за 9 отсто повисока од цената по која гасот го набавила „Скопје Север“.

До РКЕ ги испративме следниве прашања:

- Образложете од кои причини РКЕ одлучи да го измени Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги (од 10 јуни 2016 година) кога го замени правилото да признава цена за набавка на гас која е помала или еднаква на најниската месечна увозна цена на слободен пазар и одлучи да признава цена на природен гас постигната на тендер што е должен да го спроведе регулираниот производител и просечната продажна месечна цена на природен гас на трговци со природен гас и слободниот пазар?

- Дали знаете дека потрошувачите на БЕГ ќе платат или плаќаат 1,44 милиони евра повеќе затоа што БЕГ доби за 9,1 отсто повисока цена на тендер за набавка на природен гас од „Скопје Север“ кој при тоа набавил 40 пати помало количество на природен гас?

- Дали РКЕ ќе размисли да го промени ова правило и да го врати старото правило за признавање на најниска месечна цена откако се случи БЕГ Производство на тендер да добие цена 9,1 отсто повисока од цената што ја доби „Скопје Север“ за набавка на 40 пати помало количество природен гас?

Одговорите од РКЕ ви ги пренесуваме во целост:

Започнувајќи од 1 јануари 2015 година пазарот на природен гас е целосно либерализиран согласно насоките од ЕУ директивите, и цената на природниот гас се формира слободно на пазарот по договорни услови помеѓу трговците/снабдувачите и потрошувачите. Регулаторната комисија за енергетика единствено ги регулира мрежарините, односно тарифата за пренос на природен гас и тарифата за дистрибуција на природен гас.

Во вакви услови кога веќе не постои регулирана цена на природен гас, се наметна потребата од измена на Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.28/13, 32/15, 126/15, 112-16), бидејќи до 1 јануари 2015 година во Правилникот беше пропишано дека цената на природниот гас се одобрува согласно регулираната цена дефинирана од Регулаторната комисија за енергетика.

Во услови на слободен пазар набавките се одвиваат преку тендерска постапка која што регулираниот производител ја спроведува во согласност со Законот за јавни набавки. РКЕ нема законска основа да дефинира по која цена ќе се извршат набавките. Со претходно дефинираниот услов за признавање на цена на природен гас која е помала или еднаква на најниската месечна увозна цена на слободен пазар, тендерските постапки беа неуспешни и немаше пријавено ниту еден трговец ниту од домашниот пазар ниту пак од странски добавувачи, со што се доведува во прашање сигурноста во снабдувањето со топлинска енергија. Поради ова се пристапи кон измени на ова правило и се дефинира услов во кој што во предвид ќе се имаат цените од тендерската постапка и просечната продажна цена на слободниот пазар на трговците на природен гас.

Во однос на наводите дека регулираниот производител Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје остварил повисоки цени за природен гас за 9,1 проценти од Скопје Север, истите се неточни и во прилог ви доставуваме споредбена анализа на остварените цени на двата производители за изминатата грејна сезона, откако е извршена измената на Правилникот. Наведените цени се реализирани на слободниот пазар по комерцијални услови.

Табелата со цени е исто така обезбедена од РКЕ.

Да потсетиме дека според експерската анализа БЕГ Производство на тендер за набавка на повеќе од 44 милиони кубни метри природен гас платил цена од 25,51 денар. Таа цена е за 9 отсто повисока од цената што на тендер ја постигнал помалиот регулиран производител на топлина „Скопје Север“ од 21,55 денари за кубен метар природен гас и тоа за набавка на количество што е драстично помало, односно БЕГ за поголема количина наместо да добие пониска цена платил многу повеќе.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА