17 Мај, 2024
0.0286

РИЈАД ЌЕ ЈА НАМАЛУВА ЗАВИСНОСТА ОД НАФТА: Каде Саудијците вложуваат 472 милијарди долари?

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Саудиска Арабија, економски најсилната земја во арапскиот свет, соопшти дека покренува амбициозен програм од околу 427 милијарди долари инвестиции во секторите на индустријата и инфраструктурата со цел да ја намали зависноста од нафта.

Властите најавиле дека потпишале 37 договори во вкупна вредност од 55 милијарди долари со странски и локални инвеститори.

Програмот, најавен на церемонија во Ријад во присуство на принцот престолонаследник Мухамед бин Салман, е дел од економскиот план „Визија 2030“ наменет за диверзификација на економијата во Саудиска Арабија која често зависи од варирање на цените на нафтата на пазарот.

Саудиските власти претходно најавија огромни проекти вредни неколку стотици милијарди долари, но некои проекти уште не почнале да се остваруваат.

Меѓу нив е најавена делумна приватизација на нафтениот гигант „Арамко“ која неколкупати е одложувана.

Саудискиот министер за енергетика Халид ал Фалих изјавил дека инвестициите ќе бидат спроведени во рамки на националната програма за развој во областа на индустријата, рударството, енергетика и логистика.


Izvor: Bandar Algaloud/Courtesy of Saudi Royal Court/Handout via REUTERS

Mohamed bin Salman

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија