17 Мај, 2024
0.0307

„РЕПЛЕК“ најмногу ќар од камати и вложувања, помалку од основната дејност!

Објавено во: Економија 27 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Втора година по ред, во полугодишните извештаи безначајна е добивката од дејноста во споредба со финансиските приходи од камати, вложувања и заеми!

„Реплек“, скопската компанија за трговија со лекови и медицинска опрема, остварила оперативна добивка од 2,4 милиони денари односно 2 отсто од приходите од продажба во периодот април-јуни годинава. Добивката на „Реплек“ за овој период е три пати пониска од добивката за периодот јануари-март годинава, покажува полугодишниот финансиски извештај што компанијата го објави компанијата на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Според полугодишниот неконсолидиран финансиски извештај „Реплек“ има добивка од 100,3 милиони денари (1,63 милиони евра). Во неа огромно учество имаат финансиските приходи на компанијата и тие изнесуваат 92,22 милиони денари (над 1,5 милиони евра). Добивката од оперативното работење учествува само со 165.000 евра. Споредбата на неконсолидираните билансите за првиот квартал и за вториот квартал годинава покажуваат дека „Реплек“ поуспешно работел во првите три месеци годинава во споредба со периодот април-јуни. Во вториот квартал приходите од продажба паднале за 36 милиони денари (околу 600.000 евра) и изнесувале 121,2 милиони денари. Оперативната добивка за овој квартал е 2,4 милиони денари, а оперативните расходи изнесувале 117,2 милиони денари и кај нив има намалување од 32 милиони денари во споредба со првиот квартал годинава. Токму овој параметар покажува дека менамџнетот на компанијата соочувајќи се со пад на приходите од продажба бил принуден да ги крати оперативните расходи со цел од обезбеди работење во позитива. Значаен раст „Реплек“ во вториот квартал бележи кај ставката финансиски приходи од вложувања, заеми, камати и курсни разлики.  Кај оваа ставка во периодот април – јуни има раст на приходите од 88,8 милиони денари и тие на крајот на вториот квартал изнесуваат 92,2 милиони денари. Во достапните податоци од тековите на капитал не може да се изведе прецизен заклучок од кој извор се значајните финансиски приходи во вториот квартал за таа компанија. Во вториот квартал тие се зголемени за 88 милиони денари, а во првиот изнесувале само 3,4 милиони денари. Единствен претпоставен приход во таа ставка е продажбата на сопствени акции реализирана во април годинава при што скопската компанија „Ситко“ купи 1.580 акции со право на глас во „Реплек“ за што плати 71,1 милиони денари. За одлежување е и тоа и лани клучен фактор за добивката на „Реплек“ била ставката: финансиски приходи од камати, заеми, вложувања и курсни разлики и тоа во вториот квартал на мината година. Во тој период на таа ставка имало прилив на 99 милиони денари и нејзиниот износ на полугодие лани бил 105 милиони денари. Податоците покажуваат дека „Реплек“ годинава и лани остварува добивки кои се темелат на финансиски приходи што ги остварува компанијата, а не на оперативната добивка од работењето. „Реплек“ во акционерската заедница е познат како компанија која издвојува солидна дивиденда во изминативе три години, која достигнува и до 8 отсто од пазарната цена на таа акција. Најголеми акционери во компанијата се наследниците на долгогодишниот директор Душан Туџаров: ќерката Славица Туџарова-Трајковска која поседува 11,57 отсто од акциите и синот Иван Туџаров со посед на 11,42 отсто од акциите. Други големи поединечни акционери се: Душан Пецовски кој поседува 11,9 отсто и Владимир Пецовски со 5,8 отсто од акциите. Од мај годинава во групата големи поединечни акционери е и скопската компанија „Ситко“ со 6,1 отсто од акциите со право на глас. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија