19 Мај, 2024
0.0287

Инвеститорите веруваат во економските потенцијали на Македонија

Реномираната канадска инвестициска група Трафигура груп влегува во проектот за бакар и злато Иловица – Штука, а ЕБРД ја потврдува својата поддршка за проектот

Објавено во: Мои пари 13 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Инвестициската група Galena Resource Equities Limited („Galena“), која е подружница на Trafigura Group купи 20% од акциите од Еуромакс Ресорсис. Износот од инвестицијата  ќе се користи за континуиран развој на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука и за општи корпоративни цели на компанијата.

Со влезот на свеж капитал во Еуромакс Ресорсис, компанијата која ја поседува концесијата за проектот за развој и злато Иловица–Штука, инвеститорите јасно порачуваат дека веруваат во добрата бизнис клима и потенцијалите за развој на Македонија, во интерес на локалното население, а согласно највисоките принципи за заштита на животната средина.

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), продолжува да биде значаен акционер поседува над 19% од проектот, а присуството на оваа реномирана институција дополнително гарантира почитување на високите стандарди за заштита на животната средина, согласно  македонската и  европската регулатива. ЕБРД ја покажува својата континуирана поддршка на овој преокт, докажувајќи го тоа со согласност за зголемувајќи го времето за враќање на заемот.

Ставањето на овој проект високо на  агендата на Владата е од голема важност, имајќи предвид дека поради политичката криза одредени процедури беа без напредок веќе подолг временски период, поради што беше и забавен развојот на проектот.

Компанијата одлучи да се откаже од употребата на цијанид, употребувајќи модерна рударска технологија, а преку работата на рудникот ќе придонесе за развој на економијата што ќе резултира со раст на бруто домашниот производ од 3% на годишно ниво. Истовремено, компанијата смета дека ги има доставено сите неопходни документи што произлегуваат од концесијата, а кои можеа да се достават, имајќи предвид дека одредени процеси доцнеа поради политичката криза во Македонија и ограничената моќ на одлучување на техничката Влада која беше поставена поради државната Комисија за борба против корупцијата.

Свои удели во проектот имаат и реномираните: британски инвестициски фонд Ора капитал со 16,4%, Американскиот инвестициски фонд Екинокс партнерс со 9,8%, Инвест банка, исто така од Велика Британија, со 6,8%, менаџерски тим составен од членови на Ротшилд банката, Еуропиен Голдфилдс, Соситете женерал и Стандард банката со удел од 10,3%, и останати институционални и индувидуални инвеститори од САД и Канада со 39,5%. Проектот дополнително е поддржан преку кредитни линии и од Ројал Голд, реномирана компанија од САД, котирана на НАСДАК-берзанскиот индекс.

Еуромакс со нетрпение очекува да продолжи со конструктивна соработка со Владата со цел да се изнајде заемно прифатливо решение за сите отворени прашања во рамките на владеењето на правото за спроведување на овој проект, што ќе биде од голем национален интерес и значење за позитивниот економски развој на Македонија, истовремено обезбедувајќи стандарди над оние утврдени од ЕУ, одржлива заштита на животната средина, и што е најважно, заштита на јавното здравје на населението.

За Galena Asset Management S.A.

Galena Asset Management S.A. е инвестициска гранка во целосна сопственост на TrafiguraGroup, водечка светска трговска фирма за стоки, и е овластена и регулирана од страна на Швајцарската агенција за надзор над финансискиот пазар (FINMA). Повеќе од една деценија Galena работи на финансиските и стоковите берзи, овозможувајќи им на водечките институционални инвеститори пристап до можностите за инвестирање заедно со TrafiguraGroup преку фондови или управувани сметки. Специјалистите за управување со портфолиото на Galena имаат изградено значително искуство во индустријата за метали, минерали, нафта, превози инфраструктура. Galena делува независно, но црпи придобивки од односот со Trafigura, нејзиниот главен инвеститор.

Galena има неспоредлив пристап до комерцијалната и техничката експертиза на Trafigura Group во челичната индустрија и во индустријата за обоени метали. Инвестициските професионалци имаат способност да го искористат глобалното присуство на Trafigura со 61 канцеларија во 36 земји и се потпираат на цврстиот углед на групацијата. Фондот инвестира глобално и, обично, во компаниите во кои инвестира активно интервенира во стратешка насока.

Trafigura е партнер со ограничена одговорност во фондот. Посетете: www.galena-invest.com.

Повеќе детали на:

www.euromaxresources.com

www.euromaxresources.mk

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО