03 Мај, 2024
0.0328

REHAU ги претстави прозорците на иднината: Поглед кон поубав, посигурен и одржлив свет

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Koмпанијата REHAU и оваа година учествуваше на еден од најголемите саеми во индустријата за прозорци и врати, Fensterbau Frontale 2024 во Нирнберг, Германија, на кој ги претстави своите иновативни решенија и пречека повеќе од 400 партнери и купувачи од целиот регион. Под слоганотAll in One Partner, REHAU го претстави своето проширено портфолио, кое носи конкретни решенија, мерлива додадена вредност и одржливост за сите партнери.

Дивизијата за прозорски решенија, ги прикажа прозорците на иднината, кои се потполно одржливи, чие производство се одвива со дури 90% помала емисија на CO2.

Бројните иновативни решенија, кои беа прикажани на овој саем, прикажуваат, како дивизијата за прозорски решенија на REHAU ја развива и поттикнува својата ефикасност, го унапредува дизајнот и најважно постојано ја подобрува својата одржливост, на полето на истражување и развој, продажба, производство, сервис и маркетинг.Без оглед на тоа дали се работи за решенија на профили за прозорци, додатоци на системите, дигитални услуги или паметни производи, сето тоа настанува преку интензивна и директна комуникација со пазарот, партнерите и индустријата, со кои заеднички се гради поуспешна и поубава иднина на домувањето.

"Заедно со нашите партнери, соработници и купувачи, ги пронаѓаме и користиме можностите и на тој начин обeзбедуваме долгорочен успех за сите нас. Со системите, решенијата и услугите на REHAU,  заедно ги инспирираме купувачите и партнерите и денес и утре. Како значаен партнер во индустријата во која делуваме, обезбедуваме конкретни одговори за глобаните мегатрендови и нудиме ефикасни решенија за предизвиците од недостаток на работна сила, смислени иновации, рециклирање и кружна економија.Со симбиозата на сето ова, на нашиот импресивен саемски штанд, кој по одржувањето на „World od Windows“ 2022 и лансирањето на ARTEVO во 2023, беше следниот иновативен центар за комуникација на конкурентни и трендсетерски решенија за нашите партнери, бидејќи сме All in One Partner",рече Сашко Даев, директор на REHAUпродажно биро Скопје, и раководител на продажба за дивизијата за прозорски решенија за Македонија, Косово и Албанија.

RAU-INFINIO: Стаклени влакна кои ги менуваат правилата на игра

За професионалците за прозорци кои имаат визија, клучен фактор за успех е компанија, која во своето делување се грижи за целиот ланец на вредности, бидејќи на тој начин се постигнува стабилност и сигурност. Затоа, холистичкиот пристап на REHAU,се заснова на иновативна сила и сестраност, a најдобар пример за тоа е новата технологија за производство на прозорски профили, од долги стаклени влакна, RAU-INFINIO.

Со користењето на долги стаклени влакна во термопластична матрица, професионалците од дивизијата за прозорски решенија во REHAU,создадоа прозорски профили со исклучителни механички својства. Новиот материјал отвара и потполно нови можности за прозорските системи и решенија, a RAU-INFINIO обезбедува уште поголеми димензии на прозорските елементи, стабилност, изолација, можности за примена, обработка, дизајн, сигурност и одржливост.

ARTEVO TERRA: Био иновација за подобро утре

Дивизијата за прозорски решенија на REHAU, е меѓу првите во светот, која употреби и прилагоди биополимер за изработка на прозорци, како уште еден во низата на одржливи материјали, кој ќе допринесе за потполно затворена кружна економија.

ARTEVO TERRA e стратешки подвиг и исчекорвооднос на конкуренцијата за 2024, a се заснова на прозорскиот систем ARTEVO, кој беше претставен минатата година. Инженерите и стручњаците во REHAU, со овој прозорски систем иницираат масовно користење на био PVC, како единствен и одржлив материјал во индустријата за прозорци. Со био PVC-то, ARTEVO TERRA заштедува до 90%емисија на CO2 во споредба со користењето на вообичаеното PVCи речиси во целост е направен од рециклиран материјал и дизајниран да биде одржлив во текот на целиот свој работен век.

Исклучителна карактеристика на ARTEVO TERRA е неговата врвна термоизолација и фактот дека не му е потребно челично засилување дури до 2,4 метри висина на рамка.

SLINOVA X: Нов стандрад на прозорци за професионална употреба

Единствен дизајн, ефикасно производство и монтажа, вклопени во концептот за одржливост – тоа е SLINOVA X – иновативно решение за лизгачки елементи, кое се заснова на висококвалитетниот материјал RAU-FIPRO X. Благодарение на посебните својства на RAU-FIPRO X, SLINOVA X го нуди најтенкиот средишен дел од било кога, кај системите за лизгачки елементи, базирани на PVC. Oвој пристап отвара нови дименизии за професионална употреба, и ги инспирира архитектите и инвеститорите, својата замисла да ја претворат во реалност. SLINOVA X ја има истата платформа за крило со SLINOVA, а друга варијанта на платформа за хоризонтални лизгачки елементи. Oва дава дополнителна предност: значајно поедноставување од логистички и производствен аспект, благодарение на можноста да се користат идентични делови.

SLINOVA X овожможува флексибилен дизајн на профилот, систем кој е изграден од 69%рециклиран материјал, прилагоден за употреба во скоро сите земји во светот, благодарение на карактеристиките на прилагодливост на просторијата во која ќе се вгради, а централниот дел е широк само 32 милиметри!

На саемот Fensterbau Frontale 2024 во Нирнберг, REHAU претстави и низа на нови решеија во рамките на REHAU Connect, REHAU Window.ID и REHAU системот за планирање.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година