Речиси три пати повеќе оздравени од новозаболени од Ковид-19
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2021
Министерството за здравство денеска информира дека во послендите 24 часа од 4.572 тестирања, регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19: Регистрирани сe 717 оздравени пациенти.
Во Скопје се регистрирани 120 лица, а потоа следуваат, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Велес и Радовиш – по 3, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Во последните 24 часа пријавени се 8 починати лица: по 2 починати лица од Струмица (56г и 76г) и Куманово (63г и 75г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Прилеп (83г), Битола (47г) и Штип (83г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Преку Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27 ноември. Починатите лица се од Гостивар (2), Скопје (1), Охрид (1), Струга (1), Тетово (1) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.