17 Мај, 2024
0.0379

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ: Помалку приходи од даноци, а поголем економски раст!?

Објавено во: Економија 26 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Повеќе пари за патни и дневни трошоци и за привремени вработувања, помалку пари за субвенции и капитални расходи. Прекроената државна каса, со намалени приходи и расходи треба ја издржи оваа 2014 та година. Буџетскиот дефицит во однос на првичната проекција се зголемува од 3,5% на 3,9%. Според креаторот на буџетот, овој раст е резултат на обезбедување на пари за доизградба на Коридорот 10. Сепак, во предлог за ребаланс на Буџетот стои дека ќе има и дополнителни средства за Фондот за пензиско осигурување за да се обезбеди редовна исплата на пензии. Од каде и колку ќе се крати ... Исплата на надоместокот за трето дете, зголемени трансфери на сметката на ПИОМ, повеќе пари за изградба на Коридорот 10. Ова според Владата се клучните причини поради кои се посегна по ребаланс на Буџетот. Во одбрана на прекроената каса, министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека се работи за мини ребаланс со кој расходната и приходната страна на Буџетот се кратат за 2%.
“Капиталните расходи се реализирани во износ од 9,639 милијарди денари. Во овој период од годината се интензивираа активностите за реализација на крупните инфраструктурни проекти, како изградба на Коридорот 10 и инвестиции во реконструкција и изградба на железничката инфраструктура. Се реализираа и повеќе проекти за подобрување на инфраструктурата во образованието, здравството, комуналната инфраструктура, како и реконструкција на здравствени објекти“ - изјави министерот за финансии Ставрески.
И со проектираниот ребаланс, годинешниот буџет останува еден од најгломазните. Владата за оваа буџетска година ќе потроши 2,8 милијарди евра. На расходната страна има незначително намалување на парите за плати, стоки и услуги и за субвенции, додека за социјалните трансфери има зголемување на средствата. Така, сумата за плати се намалува за 1,2 милиони евра, за стоки и услуги за 400 илјади евра, за субвенции и трансфери за 1 милион евра. Еве колку пари и по кои основи ќе се трошат во оваа 2014 та година:
Плати 383 837 398 евра Стоки и услуги 303 024 390 евра Субвенции и трансфери 205 756 097 евра Социјални трансфери 1 280 796 747 евра
Според Владата, на приходната страна се предвидуваат помалку приходи од даноци и од придонеси. Од друга страна пак, Владата предвидува поголем економски раст, кој треба да значи и поголеми приходи од даноци. Така економскиот раст од 3,2%, во новата проекција е на ниво од 3,5% до 3,7%. Во исто време се прогнозира натамошен раст на вработеноста, односно намалување на невработеноста, кои пак треба да обезбедат повеќе приливи по основ на придонеси.
“Овие проекции немаат никаква логика и тие се надвор од какви било економски законитости. Ова што сега го гледаме ни се случува во континуитет. Ние сме сведоци дека реалната стапка на економски раст во псоледните неколку години просечно изнесува 1,4%. Од друга страна Владата вели дека невработеноста од 38% ја намалила на 29%, па се поставува прашањето која економија ги апсорбирала овие нововработени луѓе. Ова е уште еден пример за нелогичностите во буџетските проекции“ - вели за “Фактор“ Кире Наумов од опозициската СДСМ, чии пратеници останаа надвор од парламентот во период кога на дневен ред освен ребалансот на Буџетот се и измените на Уставот.
Дали ќе има потреба од уште еден ребаланс? И покрај ставот дека годинава буџетскиот дефицит ќе се одржи на ниво од 3,5%, сепак со прекројување на приходите и расходи се зголеми и минусот во државната каса на 3,9% од БДП или за 21,6 милиони евра.
Буџетски дефицит 2014                                 297 089 430 Буџетски дефицит – ребаланс 2014              318 747 967
“Со овие измени и дополнувања на Буџетот се задржува определбата за ниско даночно оптоварување, без промени на даночната политика и благ пораст на буџетскиот дефицит како резултат на поголеми повлекувања на кредитот за забрзана изградба на Коридорот 10“ - пишува во предложениот ребаланс на Буџетот. Според последните податоци што ги пласираше министерот за финанасии Зоран Ставрески, до овој момент буџетскиот дефицит изнесува 3,1% од БДП. До крајот на годината треба да се одржи на 3,9%, како што е проектиран со ребалансираниот буџет. Од опозициската СДСМ сметаат дека со ова темпо на трошење и прекроената буџетска каса тешко дека ќе успее да се одржи во зацртаните рамки.
“Сметам дека и овој нов буџетски дефицит е неостварлив. И до сега јавноста, вклучувајќи ги и меѓународните финанасиски институции посочуваа дека власата во псоледните три години не ги реализира планираните проекции, особено кај буџетскиот дефицит. Истото се случи лани, кога годината заврши со дефицит од 4,1% од БДП. Ако заклучно со јули се потрошени 3,1% од планираниот буџетски дефицит, до крајот на годината, за да се одржи дефицитот од 3,9% на власта и остануваат само 36 милиони евра за трошење, што сметам дека е невозможно. Така, не е исклучено да има повторно поместување на буџетските позиции, но на оваа власт не и потребен ребаланс ако сака да ги промени, како што се случи лани“ - вели Наумов од СДСМ.
Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот се предвидува да трае десет дена а се поднесени 236 амандмани. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите