03 Мај, 2024
0.0296

РЕАКЦИЈА НА ОНЕ.ВИП ВО ОДНОС НА НАВОДИТЕ ЗА НАВОДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Со цел веродостојно да ја информираме јавноста и да ги расветлиме дилемите кои беа предизвикани кај корисниците и пошироката јавност со изјавите на Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, дадена на 8 јуни 2016г., каде беше наведено (како што пренесоа медиумите) дека има зголемување на просечната цена за минута разговор во мобилната телефонија и на мобилниот интернет, ве молиме да ја пренесете реакцијата на оне.Вип, како и посочените факти:

  • Со оглед на фактот што не ни е позната методологијата според која е пресметано наводното зголемување на цените, во овој момент можеме само најодговорно да изјавиме дека нема покачување на малопродажните цени на тарифите во Вип брендот.
  • Тарифните модели кои беа достапни за корисниците и пред спојувањето на компаниите се достапни и понатаму. Тоа е во согласност со Одлуката на Комисијата за заштита на конкуренција, но и со стратешката определба на компанијата да креира понуда што ќе генерира нов, дополнителен квалитет за корисниците и во исто време го стимулира пазарот кој во моментов покажува стагнација.
  • Со комерцијалната интеграција на брендовите нема промени во договорите склучени досега. Корисничките договори остануваат целосно важечки со истите бенефиции, права и обврски се до нивната промена или раскинување од страна на самите корисници. Корисниците продолжуваат да ги користат услугите под истите услови под кои ги имаат склучено своите договори, со истите цени согласно избраниот тарифен модел.
  • Со оваа комерцијална интеграција, која се случи на 11 мај 2016г. корисниците добиваат уште повеќе бенефиции и сите бесплатни минути за разговори можат да ги користат кон многу поголема заедница. Со комерцијалната интеграција Вип прерасна во вистински конвергентен бренд нудејќи им на своите корисници широк асортиман на квалитетни услуги по најоптимални цени на пазарот, најдобро корисничко искуство во сите сегменти со што ќе го реализира ветувањето Повеќе за вас.
  • Согласно преземените обврски на оне.Вип, најдоцна до 30 јуни ќе започне со работа Лајка мобајл во улога на целосен мобилен виртуелен мрежен оператор.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година