10 Мај, 2024
0.0252

РАЗВОЈНА БАНКА ЌЕ ПОЗАЈМИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА – ќе се поддржуваат микро компаниите, парите се одобрени, државата ќе гарантира

Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Развојна банка на Македонија ќе земе заем од Банката за развој при Советот на Европа – ЦЕБ во висина од 50 милиони евра, кои ќе бидат обезбедени со државна гаранција. ЦЕБ веќе има пратено позитивен одговор на барањето на Министерство за финансии и Развојна банка за задолжувањето кое сега е пред собраниските пратеници.

Како што пишува во Законот доставен во Собранието, средствата од оваа позајмица ќе бидат наменети за микро, мали и средни претпријатија, стимулирање на производството, обезбедување на ликвидност на претпријатијата, зачувување на постојните и отворање на нови работни места, како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.

-  Во јануари 2024 година завршени се преговорите со ЦЕБ и усогласени се договорите. Заемопримач ќе биде Развојната банка, додека Република Северна Македонија ќе издаде државна гаранција. Заемот може да се користи за финансирање на две компоненти: ‒ Инвестициска компонента во износ од приближно 70 отсто од заемот, која вклучува трошоци за стекнување на основни средства/опрема (како што се машини, опрема, капитални добра и деловна опрема за продуктивна употреба, како и хардвер, софтвер и дигитални технологии), и ‒ Компонента за обртен капитал во износ од приближно 30 проценти од заемот, која вклучува трошоци за потребите за обртни средства – пишува во Закон за гаранција.

Се најавува дека Развојната банка ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници, односно малите и средни претпријатија кои имаат помалку од 250 вработени.

Во законот е наведно дека кредитите ќе имаат поволна каматна стапка и соодветни рокови на отплата што ќе овозможи банките да ги пласираат средствата на крајните корисници со пониски маргини и каматни стапки, зависно од тоа дали заемите ќе бидат за инвестиции или за обртни средства.

-  Основно начело на кое се заснова овој Предлог на Закон е обезбедување на финансиски средства за да се овозможи финансирање на микро, мали и средни претпријатија. Во таа насока, ЦЕБ и Развојната банка ќе склучат Рамковен договор за заем, во износ од 50.000.000 евра, додека Република Северна Македонија ќе ги гарантира обврските кон ЕИБ преку склучување на Договор за гаранција меѓу Министерството за финансии и ЦЕБ – се потенцира во законот.

Државата го гарантира исполнувањето на обврските од Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка, доколку Развојна банка не ги исполнува и сервисира обврските во рокови и услови предвидени во договорот.

Заемот ќе се повлекува во најмалку две транши. За секое повлекување на износот од заемот во транша Банката за развој при Советот на Европа ќе издаде Известување за повлекување, во кое ќе бидат утврдени конечните финансиски услови на траншата, меѓу кои се: износот на траншата, датумот на исплата, каматната стапка, рокот на отплата и останатите услови за повлекување на средствата.

-  Рокот за отплата на заемот ќе се одреди за секоја транша одделно во Известувањето за повлекување на траншата. Рокот за отплата на секоја транша од заемот, освен на транша за обртни средства, нема да надмине осум години, со вклучен грејс период од една година. Рокот за отплата на секоја транша за обртни средства нема да надмине три години, без вклучен грејс период. Каматната стапка ќе се одредува за секоја транша од заемот одделно во Известувањето за повлекување на траншата – се прецизира во законот за кој се бара да се донесе по скратена постапка.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди