Добивај вести на Viber
Загрижува големиот процент на невработеност во Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми. Во државата се регистрирани 360.702 невработени лица, а се претпоставува дека бројката ќе порасне на 400 илјади лица.
Откако кон крајот на мај 2012 година на сила стапи Законот за поттикнување на вработувањето, биле регистрирани 306.056 невработени, а сега има дополнително 55 илјади лица кои бараат работа.
Според последните официјални статистички податоци за ноември 2012 година во Заводот за вработување биле регистрирани 347.047 невработени лица.