16 Мај, 2024
0.0303

Растат приходите на царината, се намалуваат глобите за царински прекршоци

Објавено во: Економија 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Намалување на мандатните казни од 250 на 50 евра, но и од 50 евра на 15 за физичко лице предвидуваат дел од  измените на Царинскиот закон што стапија на сила од 11-ти овој месец.

Но Царинската управа со најавените измени на Законот за банки, ќе добие право да изврши блокирање на банкарската сметка на физичкото лице, кое има одреден царински долг.

 Намалување на глобите за царинските прекршоци  се однесува на лесни прекршоци каде влегуваат прекршоци што се од техничка или административна природа, но кои, како што велат од Царината, достигнувале високи суми кои требало да ги плаќаат фирмата.

Како што се наведува кај средните прекршоци, што се прекршоци со фискален ефект, фирмите сега имаат можност да го оспорат прекршокот и да се жалат до Царинската управа, па до Државна комисија и до Управен и Виш управен суд.

Сумата која царината ја наплатила во 2016 по основ на глоби изнесува 1,3 милиони евра, додека оваа година таа сума е 442 илјади евра.

Директорот на царината соопшти дека заклучно 31 јули се наплатени буџетски приходи при увоз и внатрешен промет 790 милиони евра . Тоа претставува раст од 11,9 проценти во однос на тој период лани а приходите по однос на ДДВ при увоз се зголемени за 12,5 проценти, а од акциза 11,18 проценти.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка