08 Мај, 2024
0.0268

Рашела Мизрахи главна ѕвезда и на синоќешниот протест

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Разрешената поранешна министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, синоќа беше една од рпедводниците на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ од Јавното Обвинителство до Врховниот суд.

Мизрахи беше рамо до рамо до лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, неговата сопруга Рози Мицкоска, генералниот секретар Игор Јанушев и актуелниот дополнителен заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

Откако беше сменета бидејќи држеше прес конференција пред табла со старото уставно име на земјава, веднаш стана забележливо дека на терен е видно присутна Мизрахи во партиското мобилизирање на членството и симпатизерите.

За неа се зборува дека би можела да биде носител во Втората изборна единица пред парламентарните избори на 12 април. Таа деновиве е исклучително активна на терен на средбите со граѓаните, и има нагласено патриотски настап, што значи дека партијата повторно ќе игра на оваа идеја водилка во својата кампања. 

,„Постои работа која треба да се сработи и обврски кои треба да се исполнат. Обврски кон вистината, правдата и слободата” - Џ. Ф. Кенеди, гласеше нејзиниот статус на Фејсбук синоќа по завршувањето на протестот, кој според ВМРО-ДПМНЕ се одржува поради влијанието на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, над правосудството.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија