04 Мај, 2024
0.0287

Рамчиловиќ откако се најде на листата на кандидати за пратеници: Му благодарам на СДСМ

Објавено во: Македонија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Зекир Рамчиловиќ потврди дека ќе биде кандидат за пратеник од редовите на СДСМ и коалицијата, иако владеачката партија се уште официјално ги нема објавено конечните листи.

Рамчиловиќ и Панчо Минов неофицијално се на добитните позиции на кандидатските листи за претстојните предвремени избори на 12 април како пратеници кои првично минатиот мандат во Собранието го започнаа како членови на опозицијата.

Рамчиловиќ, според неофицијалната листа објавена во медиумите, ќе биде на листата во третата изборна единица и на 10-тото место. Минов, пак, го доби високото петто место на листата во четвртата изборна единица.

- Продолжуваме со интеграциите, искрено и без калкулации за доброто на сите нас. Времето на изолација од надвор и поделби внатре во општеството мора да останат во минатото. Голема благодарност за кандидатурата од СДСМ, но пред се за континуираната поддршка од вас драги пријатели, драги граѓани, драги мои Бошњаци. Вие сте мој мотив да продолжам понатаму и по сите премрежја и предизвици да се вложам уште повеќе за доброто на државата.
Заедно со вас мои Бошњаци, но и со сите вас драги сограѓани од ИЕ 3 ќе победиме, ве уверувам дека ќе ги поразиме сите оние кои ги заборавија државните интереси и европските вредности. Заедно до голема победа!, објави Рамчиловиќ.

И Рамчиловиќ и Минов, откако ја напуштија пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, по гласањето за уставните измени за промена на името на државата редовно, ги поддржуваат политиките на СДСМ. Во јануари лани гласаа за промена на името Република Македонија. Рамчиловиќ ја напушти пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во октомври 2018 откако гласаше за потребата за уставни измени со цел промена на името.

По ова заедно со останатите седуммина пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ формираат Независна пратеничка група. Во ноември лани Рамчиловиќ реши да ја напушти и оваа пратеничка група и да делува како независен пратеник, по што по кратко беше избран и за потпретседател на Собранието.

Двајцата пратеници го поддржаа и спорниот Закон за јавно обвинителство кој што беше донесен на последниот работен ден од Собранието пред да бидат распишани изборите на 12-ти април.



Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“