Рама ја нападна Србија дека прави воени маневри додека Косово им ја плаќа струјата на Србите на северот
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2021
Албанскиот премиер Еди Рама ја нападна Србија, поради проблемите со регистарските таблички кои се јавија со Косово.
Рама ја обвини Србија дека „прави театрални маневри на северот на Косово“. Вели дека со ова тие не ги штитат Србите на северот од Косово. Тој кажа и дека владата на Косово им ја плаќа струјата на Србите на северот.
„Нема сомнеж дека на првото место и пред сè Србија е таа која мора да ја признае оваа неповратна реалност, и навистина е жално што, наместо конкретен напредок на дијалогот кон заемно признавање и конечно ослободување од минатото, денес сме сведоци на театрални воени маневри на Србија на границата со суверената држава Косово“, изјави Рама.
Рама рече дека не разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ по повод ситуацијата на северот на Косово, додавајќи дека е на страната на Приштина. Албанскиот премиер кажа дека Косово е целосно во права околу реципроцитетот со регистарските таблички со Србија, но и дека дијалогот е единственото решение за ова прашање. Со денови има тензии на северот на Косово.Главните преговарачи во дијалогот Белград-Приштина деновиве пристигнуваат во Брисел, потврди денес Петер Стано, портпарол на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, кој тоа синоќа го најави и подвлече дека за „безусловно отстранување на тензиите во северно Косово, специјалните полициски сили мора веднаш да се повлечат и да се отстранат барикадите на патиштата“, јави дописникот на МИА од Белград.