14 Мај, 2024
0.0254

Рама да се повлече од „мини Шенген“, бараат во Приштина

Објавено во: Економија, Балкан 17 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Косовските партии бараат од Рама да го откаже самитот за „мини-Шенгенот”. 

Најголемите партии  од власта и од опозицијата, бараат од премиерот на Албанија Еди Рама да го откаже самитот на Албанија, Северна Македонија и Србија, што треба да се одржи во Драч, во рамките на инцијативата за создавањето на таканаречениот „мини-Шенген”,  јави дописникот на МИА од Приштина.

Меѓу причините поради кои косовските партии бараат од официјална Тирана да заземе „нов став кон Србија”, е негирањето на официјален Белград, на чело со српскиот претседател Александар Вучиќ, на злосторствата што српските воени, полициски и паравоени сили ги извршиле за време на војната во Косово во 1998-99 година, објави новинската агенција КосоваПрес.

Партиите победнички на октомвриските парламентарни избори, досега опозициските Движење Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како и оние кои ја изгубија власта и преминуваат во опозиција, Демократската партија на Косово (ПДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК), се едногласни во ставот дека не може да се разговара за регионална соработка со една држава која ги негира злосторствата што ги извршила во последните војни во регионот.

Претходно средби за „мини Шенген“ имаше во Нови Сад и Охрид. 

Косовскиот претседател Хашим Тачи се состана со Рама минатиот месец во Тирана на разговори околу идните случувања во меѓународните односи на Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?