18 Мај, 2024
0.0326

РАДИКАЛИЗМОТ Е ШТЕТЕН: Aнгелов и поглаварот на ИВЗ го осудија скандирањето „УЧК, УЧК“

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Oд Исламската верска заедница стигна осуда за скандирањето „УЧК, УЧК“ на протестот за случајот „Монструм“, кој во петокот се одржа во Скопје. 

Пораката е дека секој радикализам е штетен и за верата и за државата и дека треба со зеднички напори да се настојува за мир и соживот. 

Заедничка осуда на радикализмот и национализмот, како и на неодамнешното скандирање „УЧК УЧК" и „голема Албанија“ е нешто околу што се согласиле првите луѓе на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и Екрем Зендели со поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху. Средба  се одржа во Ријасетот, соопштија од ЦУК.

Ангелов и Зендели му искажале признание на поглаварот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, а во разговорот, како што е наведено, тројцата соговорници постигнале согласност дека е важно да продолжи процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците. Согласност е постигната и дека е потребно да продолжат напорите за искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, но и да не наседнуваат на повиците на омраза. Во соопштението е наведено дека согласност е постигната и во осудата на случаите на радикализам и национализам, „како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“ на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настанот, од протестирањето и ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза".

Стотици Албанци минатата недела протестираа во близина на зградата на Јавното обвинителство поради  судењето за случајот „Монструм" и барањето на обвинителката Фатиме Фетаи обвинетите да добијат максимални затворски казни за делото тероризам. Тие побараа оставка на Фетаи  и странски мониторинг на процесот. 

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност