16 Декември, 2025
0.0524

Роднини на обвинетите во „Монструм“ бараат оставка од Фатиме Фетаи

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2021 14:38

Добивај вести на Viber

Се бара оставка од oбвинителката Фатиме Фетаи и разгледување на случајот „Монструм“ со странски мониторинг. За случајот  ќе бидат известени амбасадите на САД и ЕУ. 

Стотици Албанци денеска протестираа во близина на зградата на Јавното обвинителство поради  судењето за случајот „Монструм" и барањето на обвинителката Фатиме Фетаи обвинетите да добијат максимални затворски казни за делото тероризам. Тие побараа оставка на Фетаи  и странски мониторинг на процесот. 

„Жалиме за убиените, сочувствуваме со семејствата, но треба да се откријат вистинските злосторници“, рече Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите.

Фетаи побара доживотен затвор за петмината обвинети.  Обвинетите во „Монструм“ Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, по извршувањето на петкратното убиство, побегнале од кај Смилковско езеро, користејќи ја „опел омегата“ и се упатиле на договореното место каде ги чекал обвинетиот Хаки Азири, рече Фетаи. Според неа, Хаки Азири знаел дека тројцата обвинети отишле да извршат некаква работа поради нерасчистени сметки, а потоа откако дознал што се случило, не кажал ништо. Фејзи Азири, пак, потоа помогнал во бегството.

За обвинетиот Сами Љута пак обвинителката кажа дека обвинението е повлечено, поради што, како што рече, очекува судот да донесе ослободителна пресуда. Инаку, во претходното судење петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. 

Кај Смилковското Езеро во 2021 година настрадаа четирите момчиња Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење