16 Мај, 2024
0.0312

Работниците на ФЕНИ исплашени од стечајот на протести пред банките

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Работниците на комбинатот за производство на фероникел ФЕНИ исплашени од можноста за поведување на стечајна постапка излегоа на протестите пред филијалите на трите банки кон кои актуелниот сопственик Кунико има долг од 40 милиони евра.

Предстечајната постапка банките ја покренаа за да ги заштитат своите интереси и да се обезбеди гарантирање дека долгот ќе си го наплатат. Тие велат дека Кунико има обврска кон нив да добие дозвола за тоа кој ќе биде новиот инвеститор кој ќе го презеде ФЕНИ и ќе го отплати досегашниот доспеан долг.

На протест во центарот на Кавадарци работниците поддржани од својот синдикат како и од гранскиот синдикат СИЕР посочија дека не ги интересира кој ќе биде нов сопственик на ФЕНИ туку нив им е важно платите да им бидат префрлени, да останат во работен однос и да ги заштитат своите барања. Синдикалниот лидер Палитов посочи дека банките доверители може да се договорат со идниот инвеститор и без покренување на стечајна постапка која ќе ја загрози егзистенцијата на околу 800 вработени со што ќе замре и самиот град Кавадарци. 

По иницијатива на банките поради долг од 40 милиони кон нив и уште 20 милиони евра кон други доверители,  за фабриката е отворена  претстечајна постапка. Рочиштето на кое ќе се одлучува дали ќе се отвори стечај е закажано за 13 ноември.

Потенцијален инвеститор е Енекод, енергетска компанија од Бугарија, која тврди дека постигнала договор со Кунико, но нивните гаранции за отплата на долгот како и вложувањето во обртни средства беа одбиение од трите банки доверители кои сметаат дека понудата не е доволна и чекаат одговор од уште два потенцијални инвеститори кои биле во подобра финансиска состојба за подолгорочно работење на ФЕНИ.

Синдикатот на ФЕНИ и СИЕР побараа и Владата да вложи напори да помогне во решавање на проблемите на комбинатот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА