Добивај вести на Viber
Рускиот претседател, Владимир Путин, повика на унапредување на работењето на руските тајни служби, со цел тие да можат да се носат со „модерните предизвици и закани“, соопштува Кремљ.
Ваквото барање рускиот претседател го изнел во писмо упатено до ветераните и актуелните оперативци на руските безбедносни служби, пренесува „Ројтерс“.
„Нагласувам дека модерните предизвици и закани, како и појавата на нови дестабилизирачки фактори, бараат зголемена ефикасност на целиот систем на домашните специјални служби“, напишал Путин во писмо по повод Денот на безбедносните служби.
Кучна задача на оперативците на руските тајни служби секако дека е борба против меѓународниот тероризам и „секој евентуален обид на странските тајни служби да и зададат удар на Русија и на нејзината политика и економски интереси“, се наведува во текстот.
Европската унија и САД воведоа нови економски и визни санкции против поединци и компании од Русија поради вклученоста на официјална Москва во украинската криза, како и поради анексијата на полуостроовот Крим.