19 Мај, 2024
0.0280

ПУТИН ОДЛУЧИ: Од денеска оваа негова наредба стапува на сила

Објавено во: Свет 27 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин нареди хуманитарна пауза во борбите во енклавата Источна Гута во Сирија, пет часа дневно, oбјави Раша тудеј.

Паузите ќе почнат од денеска, а ќе се состојат од создавање на „хуманитарен коридор“ за да им се овозможи на цивилите да избегаат.

„Како што нареди рускиот претседател, почнувајќи од 27 февруари ќе биде воведена дневна хуманитарна пауза од 9 до 14 часот по локално време, за да се избегнат цивилни жртви во Источна Гута“- велат од руското Министерство за одбрана во соопштението. 

Наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за коридорот, а дека неговите координати се подготвуваат.

Оваа бунтовничка област повеќе од една недела е интензивно бомбардирана од  сириската влада, со поддршка од Русија, вели Би-би-си.

Настрадаа 540 луѓе. Во неделата најмалку 20 цивили загинаа во владини воздушни и артилериски напади, според Унијата за медицинска нега и организации за помош (УОССМ), добротворна организација што ги раководи болниците во енклавата. Жртви беа пријавени и по она за што опозицискиот весник Енаб Балади извести дека е копнена офанзива од страна на провладините сили. Советот за безбедност на Обединетите нации во саботата едногласно повика на 30-дневен прекин на огнот.

Во резолуцијата се бараше „сите страни без одлагање да ги прекинат борбите“ за да дозволат достава на помош и медицински евакуации.

Русија беше обвинета дека неколку дена го одложува гласањето во ОН, барајќи да се направат промени во нацртот.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес ја опиша ситуацијата како „пекол на Земјата“ и побара итна акција.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто