18 Мај, 2024
0.1167

Путин има три години да ја реши должничката криза од 42 милијарди долари

Објавено во: Свет 20 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Ако сакате да ја разгледате финансиската состојба на Русија, погледнете места како Чукотка - територијата, која е одвоена од Аљаска само од еден теснец, коментира Bloomberg.

Владата има акумулирано долг, што е еквивалентно на 144% од приходите , со што тоа е највисокиот процент во Русија, тврди Standard & Poor's (S & P). Различни региони од Белгород во близина на Украина до три републики во Северен Кавказ исто така предизвикуваат загриженост заради нивото на долговите кои надминуваат 100% од нивните приходи.

download (12)

Во 2012 година претседателот на Русија Владимир Путин издаде декрет со кој се подигнаа социјалните трошоци и така ја предизвика сегашната ситуација. Со ова решение должничката тежина во Русија се зголеми двојно во повеќе од 80 региони до 2,4 трилиони рубљи (42 милијарди долари) во последните пет години. Дополнителниот притисок врз финансиите ќе достигне критична точка во следните 2 или 3 години, го зголемуваат ризикот од спасувачките мерки од федералниот буџет, кој веќе е во дефицит за прв пат од 2010 година, тврди уште S & P. Токму затоа часовникот, кој го мери времето за кое Путин мора да најде решение на ситуацијата, е темпирано се побрзо.

"Обврските на големиот регион може да го блокираат пристапот до пазарот на самото Министерство за финансии", вели Карен Вартепетов, вонреден директор во канцеларијата на S & P во Москва. "Во моментов сојузниот центар има можност да им помогне на регионите. По три години ресурсите сепак може да се помалку, а регионалните долгови поголеми, што ќе доведе до поголем ризик."

Министерството за финансии во Москва засега одбива да ги коментира ризиците пред локалните влади.

Заканите пред општинските финансии се натрупуваат повеќе откако санкциите заради Украина го запреа пристапот до пазарите на капитал, предизвикувајќи ги локалните влади да ги финансираат социјалните трошоци преку поскапи банкарски кредити.

Иако продажбата на регионалните долгови се намалила за 53% досега оваа година, Moody's Investors Service проценува дека кредитите ќе се зголемат за околу 25% во 2015 година поради трошоците во здравството, образованието и комуналните услуги.

Притисокот ги става регионите во опасност. Тие се соочуваат со "зголемувањето на веројатност од обврските", предупреди S & P во јуни.

Дефицитот на локалните администрации е во вредност 625 милијарди рубљи (10,11 милијарди долари), што е за 42% повеќе од 2014 година, тврди уште S & P. 75 регионот предвид буџетски дефицит за минатата година, проценуваат од Високата школа за економија во Москва, во извештајот од мај.

Белгород, со население од 1,5 милиони луѓе, е еден од петте општински кредитодолжници за оваа година, откако пласира петгодишни обврзници во вредност од 5,3 милијарди рубљи (93 милиони долари) во текот на овој месец со купон од 12, 65%. За споредба, седумгодишните обврзници, продадени во 2013 година, беа за 8,3%. Профитабилноста на обврзниците на Белгород со рок на достасување 2020 година е зголемен за 8 базични поени до 13,26%.

Властите во Москва сакаат да ја олеснат кризата, така што ќе им помогнат на регионите да ги сменат обврзниците и трговските кредити со субвенционирани кредити од федералниот буџет на годишна камата од 0,1%. Русија ќе одвои 310 милијарди рубљи на овој начин во 2015 година, изјави премиерот Дмитриј Медведев, кој го поддржа конвертирањето на дел од долгот во странска валута во рубљи.

Дури и при тоа положбата на локалните влади продолжува да се потпира на комерцијални кредити, зголемувајки го банкарскиот долг за 25% од почетокот на 2014 година до 1 трилиони долари рубљи (17,5 милијарди долари) на 1 март 2015 година, покажуваат податоците на централната банка.

Ризиците од нерамнотежа во локалните буџети најверојатно ќе нараснат оваа година заради падот на економијата, рече уште централната банка во јуни.

"Поради голема должничка тежина пристапот до пазарни извори на финансирање може да биде делумно затворен за некои региони", изјави централниот орган. "Освен тоа овие региони може да сретнат тешкотии со рефинансирање на постоечки долгови, бидејќи банките стануваат се поселективни при проценката на регионалните ризици".

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто