01 Мај, 2024
0.0254

Пуштена во употреба нова пречистителна станица во Ново Село

Објавено во: Мои пари 09 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска беше пуштена во употреба новата пречистителна станица во село Ново Коњарево, општина Ново Село. Изградбата на пречистителната станица е дел од Проектот за управување со сливот на река Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Оваа пречистителна станица значи живот и еколошки чиста средина за сите граѓани од општина Ново Село“, изјави градоначалникот Боро Стојчев.

Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Техада рече дека освен што оваа пречиститечна станица ќе помогне да се задржи чистата животна средина во овој регион, исто така ќе им помогне на локалните земјоделци преку наводнување со чиста вода да произведуваат здрави и квалитетни производи.

„Оваа инвестиција ќе послужи како пример за други мали места во земјата. Ние ќе градиме уште една во општина Василево, како дел од големиот Проект за управување со сливот на река Струмица, вреден три милиони евра, чија главна цел е да го подобри управувањето со водите во регионот“, изјави Луиза Винтон, Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули изјави дека овој проект е важен затоа што е целосно во согласност со директивата на Европската унија за управување со водите и затоа што покажува дека заштитата на животната средина не е изолиран процес, туку бара интегрален пристап и вклучување на сите засегнати страни.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор