01 Мај, 2024
0.0990

ПУКА ЛИ ЉУБОВТА - реални владини кавги или само билдање на позициите за пред избори

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Петте илјади амандмани на ДУИ за Изборниот законик дојдоа само како шлаг на тортата наречена коалициски недоразбирања меѓу владините партнери. Претходно температурата ја креваше Законот за јазиците, односно препораките кои за него стигнаа од Венецијанската комисија.

Но, ова се само двете посилни лулања на коалицискиот брод. Не дека такви немаше и во малку поблиско минато, На пример, препукувањата околу изборот на Главниот државен ревизор, а веќе како да се подзаборави „недопирливоста“ на функционерите на ДУИ, по не баш воспитаното славење на Шверцерите во Македонскиот народен театар.

Пратеничката група на ДУИ вчера поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог-измените на Изборниот законик. Пратеникот Артан Груби рече дека процес на еднонасочно и еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси, е опасен преседан.

Социјалдемократите веднаш реагираа. Го повикаа нивниот коалициски партнер, ДУИ, да размисли, да го преиспита чекорот и да ги повлече амандманите до почетокот на Комисијата за политички систем, со цел да има суштинска дебата.

„Со промена на изборниот модел сите добиваме, пред се граѓаните, затоа треба сите да се ставиме во функција на граѓаните“, рече партискиот портпарол Костадин Костадинов.

И премиерот Зоран Заев во амандманите на ДУИ препозна можност за прва конфронтација меѓу коалициските партнери. Воведувањето на една изборна единица, што е содржано во изборната програма на СДСМ, е нешто од кое тој не се откажува. Но, според премиерот, самата коалиција е создадена на здрави програми и основи, и постигнала сериозни успеси.

„Тука ќе стане првата конфронтација, ние сме најавиле една Изборна единица, ќе се бориме до крај. Амандманската расправа можат да ја користат како деловничко право, и секако тоа е нивно право. Но, ние ќе опстоиме, јас повикав во Парламентот да се преброиме, да видиме колку од претставниците на граѓаните изразени преку мандати се за промена на изборниот модел“, рече премиерот.

Законот за јазици, пак, ги разбранува страстите, откако излегоа заклучоците на Венецијанската комкисија,а вицепремиерот Бујар Османи рече дека секое негово чепкање ќе ги врати работите во земјава пред 2001 година.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, пак, во емисијата „Патот кон“ на Алсат, изјави дека Законот за јазиците на никаков начин не ја оштетил државата. Според него, за законот за јазиците имало повеќе реакции отколку за селективната правда, промената на името, или договорот со Бугарија, каде се зборува за јазикот и македонскиот идентитет. Груби вели дека оваа преставува неуспех на македонската политичка елита. Според него, при донесувањето на законот немаше повредување на постапките.

Премиерот Зоран Заев, пак, најави дека деновиве ќе се формираат и работните групи, на кои заедно коалициски ќе се утврдува начинот како да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, рече дека знаел оти законот во целост ќе биде испратен до Комисијата, а тоа било направено за да се намалат тензиите кај Македонците.

Дали сите овие дисонантни тонови се сериозни нагризувања на коалицијата, или можеби само глума на владините партнери секој пред своите гласачи, за да си ги набилдаат позициите пред изборите.

Експертите со кои разговараше Фактор сметаат дека повеќе е првата, но има елементи и од втората опција. Сепак, тие не стравуваат дека состојбата ќе стане тензична и дека може да дојде до кулминација.

„Мислам дека има и од двете работи по малку, но сметам дека помалку е глума, а повеќе е што не им се совпаѓаат интересите на двете партии. Фактот, пак, што е период пред избори, ги охрабрува партиите повеќе да ги штитат сопствените интереси, отколку коалициските. Но, не верувам дека ситуацијата ќе оди до некоја кулминација, особено што од лидерите на двете партии постојано се слушаат смирувачки тонови, за разлика од однесувањето на пратениците, кои реагираат малку пожестоко“, вели за Фактор аналитичарот Алберт Муслиу.

Според него, посериозно е несогласувањето околу Законот за јазици, додека за Изборниот законик владејачките партии од старт немале исти ставови, така што тоа не е ништо ново.

„Реално, околу Законот за јазици може да биде потензично. А за изборниот законик, партиите никогаш и не биле усогласени“, смета Муслиу.

Тој очекува дека наредните избори ќе бидат прилично груби, но политичките партии ќе мора да бидат внимателни, и ќе погрешат ако мислат дека граѓаните ќе поминат преку се. Тие овој пат тоа нема да им го простат.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоан Заев вели дека коалициските партии за најголем дел од прашањата градат заеднички политики и заедно гласаат. За дел, пак, има различности дури и во самата коалиција на СДСМ, без ДУИ.

А во врска со ДУИ, за него спорно е што од кандидатите за Судски совет, во последен момент поминало само албанското име од кандидатите за Судски совет, но не и македонскиот кандидато. Овие сигнали СДСМ ќе ги анализира и проверува.

„Не знам зошто тоа. Јас не знам ни кои се кандидатите, Парламентот распишува конкурс, но и за одредени други работи доаѓаат сигнали што ние ги анализираме и ќе провериме што во суштината се случува“, рече Заев.

Многу често, како што нагласи премиерот, не значи дека само победниците можат да формираат влади, бидејќо ако тие се програмски различни, ако се навистина раскарани имаат проблем, тогаш не може да успеат во коалиции.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски