ПРВО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ, ПА ФАЗА 2: Некои европски земји го враќаат животот во нормала
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Април, 2020
Поедини земји во Европа,
полека го враќаат нормалниот тек на животот. Австрија му покажува на светот на
кој начин се укинуваат постепено вонредните мерки и живото се става во нормала. Следната недела ќе бидат
отворени продавниците и трговските центри, а потоа и кафулињата. Сепак,
најновите бројки од Шпанија и Франција, но и Велика Британија, која само за
едно деноноќие потврди речиси 1.000 починати, покажуваат дека патот до конечно
решавање на пандемската криза и натаму е долг. Токму затоа владите на многу
земји се уште ги замолуваат своите граѓани за трпение и да се придржуваат на
рестриктивните мерки за изолација.
И Светската здравствена организација предупредува дека постои опасност од предвремено ублажување на мерките.
-Не е се уште време да се намалуваат рестриктивните мерки кои ги воведоа владите. Се уште е долг патот во овој маратон, и ниту една земја сама на може да се избори со пандемијата, ниту да ја запре. Таа борба мора да биде меѓународно усогласена, изјави Ханс Клуге, претставникот на СЗО за Европа.