Првиот тунел за бродови ќе биде изграден во скандинавска земја
Објавено во: Свет 09 Март, 2017
Првиот тунел за бродови во светот ќе биде направен во бреговите на Норвешка.
Тој ќе поминува под полуостров во западниот дел на земјата.
Целта на тунелот не е толку да го скрати патот на бродовите, туку да ги заштити од опасните морски струи покрај полуостровот. Во овој дел на светот деновите во годината со опасни морски бури се над 100, забележуваат од Норвешката крајбрежна администрација.
Владата планира проектот да чини околу 300 милиони евра. Тие ќе ја покријат изградбата на тунелот во наредните 10 години.
Работнците ќе треба да отстранат над 3 милиони кубни метри цврста карпа на патот на тунелот. Тој ќе биде долг околу 2 километри, висок околу 40 метри и широк околу 26 метри.