07 Мај, 2024
0.0238

Прв пат после 30 години-Конгрес на партијата на Ким Џонг Ун

Објавено во: Свет 06 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Во Северна Кореја започна првиот Конгрес на Комунистичката партија после 36 години. Пред делегатите лидерот Ким Џонг-ун ќе се обиде да ги зајакне своите позиции и да ја претстави својата визија за иднината на земјата.

Се очекува на конгресот да биде избрана и ново генерација политичари кои ќе управуваат со комунистичката држава.

Пред почетокот на настанот учесниците се собраа на концерт за поддршка кој набљудувачи го опишаа како неофицијалне крунисување на лидерот.

Последниот ваков конгрес се одржа во 1980 година, а Ким Јонг Ун дојде на власт, откако ја наследи функцијата од својот татко.

Странски новинари немаат пристап на отворањето на VII конгрес на Корејската работничка партија во Пјонгјанг, јавува РИА Новости.

На поканетите претставници на медиуми од САД, Јапонија, Шпанија, Финска, Јапонија и други земји им е дозволено само да разговараат со минувачи, и телевизиските оператори - да сликаат околу Палатата на културата, каде се одржува конгресот.

Агендата на форумот, кој веројатно ќе трае неколку дена, не е позната однапред.

Експертите сметаат дека делегатите ќе се фокусираат на внатрешните проблеми, ќе разговараат за мерки за зајакнување на националната одбрана и економскиот развој во услови на наложените санкции против Пјонгјанг како одговор на ракетната и нуклеарна програма.

Несомнено, пратениците ќе го поддржат најавениот курс за истовремен развој на економијата и зајакнување на нуклеарниот потенцијал на земјата од Ким Џонг Ун .

Во Пјонгјанг беше запрен интернетот, постојат и прекини на струјата во денот на отворањето на конгресот, соопштил странски извори, пренесуваат агенциите.

„Во дипломатскиот кварт Мунсудон, каде што се наоѓаат странските претставништва и живеат дипломатите и вработените на меѓународните организации, од самиот почеток на денешниот ден не функционира интернетот, а на  подолго време се исклучува струјата“, раскажа тој.

Според соговорникот тоа „може да е поврзано со искуството на властите да го ограничат ширењето на информации за ситуацијата во земјата за време на конгресот“.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта