11 Мај, 2024
0.0256

Протести во Европа: Гласот на работниците мора да се слушне, тие страдаат најмногу !

Објавено во: Свет 14 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Шпанија, Италија и Грција беа меѓу земјите во еврозоната коишто трпат сериозни штети од кризата и се обидуваат да ја намалат штетата преку драстични мерки за штедење. Токми во овие три држави, на денешиот синдикален штрајк кој ја тресеше Европа, излегоа најмногу демонстранти, секој од нив со своја лична приказна и неизбежните економски проблеми. ШПАНИЈА: Во центарот на главниот град на Шпанија  избија судири меѓу полицијата и демонстрантите. Во жестокиот судир полицијата употребила и палки. Во Шпанија биле приведени  42-лица, откако се случиле тепачки меѓу демонстрантите. Најсилни и најбројни беа  штрајковите токму во Шпанија и во  Португалија, каде што транспортниот сектор и производството се силно  погодени од крзата и од мерките за штедење. „Шпанската влада спроведува мерки за штедење кои не се фер и кои ги погодуваат луѓето иако тие со ништо не се виновни за економската криза. Банките и компаниите заработија многу пари за време на кризата, додека сите останати мораа да работат напорно, а да живеат скромно“, изјавил еден демонстрант во Мадрид. ИТАЛИЈА : Судири избија во Рим, Милано и Торино. Повредени  се повеќе  полицајци. Синдикатите во Италија тврдат дека штрајкот е дизајниран за да не ја  оштети економијата, туку да се покаже силата. „Ова е влада која ги  уништува  сите социјални права со изговор дека за тоа е виновна Европската унија", изјавил еден од демонстрантите кој додава „Ние веруваме дека гласот на работниците конечно треба да се слушне, бидејќи тие се оние кои страдаат. Постојат низа мерки кои навистина доведуваат  до уништување на луѓето". Во Италија, невработеноста кај младите се приближува до 35%. На улица денска излегоа и 3000 студенти и тие го насочија својот гнев кон владата , порачувајќи дека е доведена во прашање нивната иднина. ГРЦИЈА : Според полциски наоди на протестите излегле 5.000 луѓе. Во последните две години платите во јавниот сектор се намалиле до 40%. Една жена, некогаш државен службеник изјавила , „Имам две деца, тие се близнаци, и ситуацијата е трагична, затоа излегов на протести“. Во меѓувреме, револт на улиците во Грција изразија и пензионерите. „Нашите пензии се  преполовени, има еден милион невработени, поголеми даноци. Со други зборови нашите животи одат на полошо и полошо“, вели еден од пензионерите излезен на улиците на Атина. Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија дебатираат за тоа дали и кога Грција може да ја добие следната финансиска помош за плаќање.  

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена