ПРОГНОЗА: Топол викенд во Македонија
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2019
Продолжува топлото време во Македонија.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 4 и 13 степени, а максималната од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура од 10 до 27 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.
Долгорочните прогнози покажуваат дека оваа година ќе имаме блага зима на Балканскиот полуостров.