12 Мај, 2024
0.0262

Проблемите на станарите во елитната населба Злокуќани

Објавено во: Македонија 17 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Жителите на станбената населба во Злокуќани поднесоа тужби против инвеситорот Благоја Николовски. Го обвинуваат за самоволие и ултимативни барања, како и неможност да си ги остварат своите станарски права. И по 9 години не им се издадени имотни листови, спречени  се да се приклучат на системот за ладење и греење, немаат можност лиценцирана фирма да го врши одржувањето на комплексот. Велат дека се соочуваат со закани и уцени дека секој станар ќе биде спречен да дојде до својот дом ако не плати одржување на фирма во сопственост на инвеститорот, дополнителни продажби за претходно бесплатно нуден паркинг простор со купопродажба на становите, се само дел од проблемите со кои жителите на комплексот се соочуваат последните три години. „Се водат неколку постапки против Благоја Николовски. Една од нив е и постапката за приклучување на станарите на топлотната станица. По добиената пресуда од Апелацискиот суд во Скопје дека заедничката тужба на Заедницата на сопственици на станови Апелациониоит Суд донесе неправедна одлука за која што ќе се вложи и ревизија до Врховниот Суд со што со оваа пресуда се поставува прашањето дали воопшто постои потреба граѓаните кои имаат колективно домување да се здружуваат во заедници на сопственици на посебни делови или елегантно решение за легитимирање на самоволието на Благоја Николовски, кој по оваа пресуда започнал и да оградува претходно нуден заеднички имот на сите станари во комплексот со што го обезвреднува имотот на другите сопственици во комплексот“ вели адвокатката Анита Бегова. Таа нагласи дека имаат и поднесено тужба којашто во целост им била усвоена од Првостепениот суд, за Апелациониот суд да им ја преиначи, па на овој начин алармираат до сите институции на системот да не подлегнуваат на заканите на Благоја Николовски туку доследно да ги применуваат законите. „Се работи за инвеститор познат на македонската јавност кој на голема врата се промовираше себеси со овој комплекс, а од друга страна и по девет години се уште на купувачите им нема обезбедено уредни имотно листови, имотот на некој  што им го продал им го става под хипотека, а земјиштето под изградените станови заложено како хипотека и прифатено од една банка како колатерал за кредити за нивни потреби“  вели Бегова. Што се обврзал Николовски? Со изведбениот проект за комплексот Николовски се обврзувал да обезбеди по две паркинг места за секој стан, а објектот да биде таргетиран енергетски и во летен и во зимски период со ладење односно греење од локални извори котлара и ладилна станица кои се во склоп на комплексот велат станарите. И покрај тоа неколкупати е оневозможен пристап до станицата, а кога е овозможен пристап увидено е дека Николовски ја отстранил разладната станица без знаење на станарите. Притоа монтирал нова станица наменета само за свои потреби, а оневозможува пристап до станицата кои со свои средства ја купиле станарите. Адвокатката Бегова додава дека ситуацијата во комплексот наложува станарите самите да ги бараат своите права, за да не дозволат да бидат измамени по вторпат. И жителите на комплексот во заедничкото писмо велат дека се чувствуваат измамени „Од нас се бара да платиме за користење на заедничките простории, а Николовски своеволно го одредува износот што треба да се плати за одржувањето. Ние како станари плаќавме дури и за одржување на неговиот личен имот. Во договорите за купопродажба на становите предвидено е дополнително склучување на договори за користење на заедничките простории, што до ден денешен не е сторено, очигледно со намера. За ова самоволие на Николовски треба да биде информирана јавноста, како инвеститор што едно ветува, а друго спроведува, односно се служи со закани за изнуда на дополнителни финансиски средства. Секој од нас има многу повеќе платено за вредноста на становите, со оглед на тоа што требаше да имаме подобри услови за живеење кои прилегаат на еден комплекс како Злокуќани. Но спротивно на тоа, од нас постојано се бара повеќе и повеќе“, се вели во писмото на станарите на комплексот.

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа