01 Мај, 2024
0.0264

Привремениот ангажман на вработените во услужните дејности – презентација од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Професорот и академски директор, Крис Лиасидис, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, ќе учествува на 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO, со презентација на темата: Привремениот ангажман на вработените во услужните дејности – благослов или клетва за економската добросостојба? на 13 октомври во Скопје Мериот хотел, со почеток од 14.30 часот.

За своето предавање професор Лиасидис најави: „Во услови кога привремените работници стануваат се поголема "норма" во нашите организации, предизвик на секторот за Човечки ресурси е да изнајде начини како да ги искористи и ангажира нивните компетенции, а притоа да ги негува нивните таленти и да ги трансформира во компаниски цели. Токму затоа треба да се фокусираме на привремените работници, кои сè уште се на маргините на компаниската структура, како да ги задржиме ангажирани и колку е апликативен и корисен принципот на Gamification – поентирање, креирањето натпреварувачка средина и поставување на правила на играта, односно работата“.

Темата на годинешниот најголем настан за човечки ресурси, 8та Меѓународна конференција за човечки ресурси, е мотивирана од секојдневните промени и движења во компаниските структури. Во услови каде малите организации прераснуваат во големи корпорации, се поприсутна е растечката потреба од нови методи и начини на ефикасно работење. Во исто време ангажираноста на луѓето е во тесна врска со зголемувањето на продуктивноста, квалитетот на услугата кон клиентите и финансискиот раст.

Како да се пронајдат вистинските луѓе - вработени, да се задржат, да се стимулираат, да се негуваат нивните таленти и вештини, и како да се развие соодветна програма на компетенции, за да придонесат за раст на компанијата и бизнисот. Преку реални и практични искуства, како и академски знаења ќе се понудат одговори на овие прашања на8 Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, која ќе се одржи од 13 до 14 октомври во Скопје Мериот.

Уште една година по ред, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ се јавува како поддржувач на Меѓународната конференција за човечки ресурси и HR EXPO, со цел што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси.

Сите подетални информации за учество и регистрација може да се најдат на следниот линк.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор